Игор Стаматовски дипломира на Електротехничкиот факултет во Скопје 2005 година, на насоката КТИА. Уште од студентските денови го интригира работата со и работата на слободен софтвер првенствено ГНУ/Линукс.
Слободниот софтвер буди интерес според својата техничка супериорност над неслободниот и неортодоксниот начин на развој поттикнат од глобалната пристапност на интернет мрежата.
Примарен интерест имплементација и користење на слободен софтвер при развој на софтверски апликации.
Игор е експерт за отворени формати и слободени стандарди.
На Собранието на Слободен софтвер Македонија оддржано во Јануари 2009, Игор Стаматовски ја доби довербата на членовите на организацијата да ја врши функцијата потпретседател во наредните две години.
Со Игор можете да контактирате на е-пошта: <igor slobodensoftver.org.mk>.