Слободен софтвер Македонија, претставувана од Гоце Митевски, учествуваше на третата работилница за изработка на национална стратегија за отворени податоци организирана од Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА), во соработка со Центар за управување со промени (ЦУП).
Во текот на работилницата Слободен софтвер Македонија искажа мислења и забелешки во врска со нацрт-верзијата на Стратегијата за отворени податоци 2018-2020, нацрт-Акцискиот план и Анексите на стратегијата, особено во врска со користењето на отворени податочни формати и софтверски апликации со отворен код.
Повеќе информации на: