Се одржа основачкото собрание на Слободен софтвер Македонија. Собранието се во „Пингвин Паб“ карши автобуската станица „Рекорд“ во Скопје. Присутни беа 15 основачи. Беше изгласан првиот статут на организацијата и првото раководство. За претседател беше избран Иван Стојмиров. Во управниот одбор членуваа уште и: Александар Ников, Арангел Ангов, Васко Митанов, Дамјан Георгиевски, Дарко Стојчев и Игор Петрески.
10 години подоцна можете да видите што точно се случувало во меѓувреме :
http://wiki.spodeli.org/Важни_настани_за_слободниот_софтвер_во_Република_Македонија
Честитики до целата заедница поради која постои Слободен софтвер Македонија, им честитаме на сите кои неуморно работеа досега и ги поздравуваме и охрабруванме останатите да се вклучат во работата во наредните 10 години.