Дел од тимот на Слободен Софтвер Македонија започна проект со цел да се направи оперативен систем кој ќе биде целосно на македонски јазик.
Проектот и самиот оперативен систем се води под името МаЛинА (Македонска Линукс Алтернатива).
Целта е да се создаде лесен за користење, десктоп оперативен систем коj ќе ги содржи сите потребни апликации за секојдневна работа со персонален компјутер. Планот е целата дистрибуција да биде сместена само на 1 бутабилно цд базирано на Morphix.
Покрај тоа што ќе биде достапна на македонски, „МаЛинА“ ќе биде слободен софтвер објавен под GPL лиценцата и со тоа автоматски слободно и бесплатно достапна за сите заинтересирани корисници. Во моментов тимот е во потрага по волонтери (преведувачи, дизајнери, техничари) кои што би можеле да го помогнат реализирањето на овој проект.
Пријавете се доколку сакате да помогнете.