You are here

Помогнете го отворањето на Хаклабот

Како да помогнам?

Пријави се за месечна членарина за период од 12 месеци на http://slobodensoftver.org.mk/hacklab

Што сакаме да направиме?

Отворање на првата технолошка автономна зона, која ќе се користи за промовирање на користењето и развојот на еманципирачки технологии како слободниот софтвер, јавниот, отворен и пристапен интернет и алтернативните и социјални медиуми.

Ваквите технолошки автономни зони накратко познати како хаклаб или медиалаб го промовираат активното учество на грѓаните и ја поттикнуваат креативната употреба на технологијата, како одговор на оттуѓувањето и пасивното конзумирање што најчесто се поистоветува со компјутерската технологија. Хаклабот тоа би требало да го промени.

Тој ќе им овозможи на учесниците употреба на своето знаење во пријатна атмосфера, со слободен пристап до брз и неограничен интернет и шанса за стекнување нови знаења инспириеани од работата во помали групи на луѓе со исти или слични интереси во сферата на информатичката и комуникациската технологија.

Самата лабораторија ја поседува библиотеката на Слободен софтвер Македонија и можност на читање на голем број интересни технички и соци-технолошки книги, списанија и магазини.

Активностите вклучуваат и настани отворени за јавноста кои ќе се оддржуваат 2 пати неделно, Сподели знаење секоја сабота во времетраење од 5 часа и Сподели Кино секој вторник во времетраење од 2 часа.

Остатокот од времето ќе биде посветен на оддржување на курсеви за веб програмирање, програмирање на микроконтролери, користење на социјални мрежи и семантички веб упатство за употреба на веб 2.0, работа на проекти на членовите на лабораторијата, како изработка на апликации, микроконтролери и разни инсталации, па дури и роботи.

За лабораторијата е потребно изнајмување на 2 простории, една за одржување на сподели знаење а другата за сподели кино.

Вести: