You are here

Божидар Проевски

Божидар Проевски

Интересот за сметачите го пројавува во 1987, кога за прв пат седнува пред тастатурата на микросметачот Марта.
Со слободен софтвер почнува да се занимава во 2000, кога на својот сметач инсталира дистрибуција на Линукс.

Ангажиран е како координатор на локализацијата на графичката околина КДЕ и е дел од тимот за локализација на канцеларискиот пакет ОпенОфис.

Примарен интерес му се високоперформансните пресметувања и примена на слободниот софтвер во стопанството и индустријата.

Со Божидар може да контактирате на е-пошта <bozidar Е-пошта slobodensoftver.org.mk>.