Вообичаено третманот на прашањата поврзани со слободен софтвер во македонските медиуми не е на соодветно ниво. Без разлика дали тоа е резултат на недоволната информираност или на намерна пропаганда, ние сакаме ситуацијата да се промени.
Ако сте новинар или работите во некој медиум и ако планирате да пишувате текст или да правите прилог за слободен софтвер, слободна култура, отворени стандарди, информациско општество или на други поврзани теми, ве молиме да стаптите во контакт со нас.
Исто така, Слободен софтвер Македонија вообичаено еднаш месечно испраќа билтен со информации за изминатиот период. Ако сакате да го добивате овој билтен, пишете ни.
Досегашните обраќања на Слободен софтвер Македонија до македонските медиуми и други ресурси поврзани со тоа можат да се видат во категоријата медиуми.