You are here

Јован Наумовски

Јован Наумовски е член на Слободен Софтвер Македонија од 2007 година и член на Лугола од 2005 година, но работи за заедницата од претходно, прво како преведувач на работната околина GNOME на македонски, а потоа и на други програмски пакети. Моментално е координатор на тимот за превод на GNOME на македонски.

Тој е студент на Факултетот за електротехника и информациски технологии и работи на промовирање на слободниот софтвер на студентите и сака да го види слободниот софтвер имплементиран во образованието, особено во високото бидејќи така студентите би го стекнувале своето знаење на слободни и отворени технологии.

Со Јован можете да контактирате на е-пошта: <jovan Е-пошта lugola.net>.