Интересот за сметачите го пројавува во 1987, кога за прв пат седнува пред тастатурата на микросметачот Марта.
Со слободен софтвер почнува да се занимава во 2000, кога на својот сметач инсталира дистрибуција на Линукс.
Ангажиран е како координатор на локализацијата на графичката околина КДЕ и е дел од тимот за локализација на канцеларискиот пакет ОпенОфис.
Примарен интерес му се високоперформансните пресметувања и примена на слободниот софтвер во стопанството и индустријата.
Со Божидар може да контактирате на е-пошта <bozidar slobodensoftver.org.mk>.