Арангел Ангов е експерт за слободен софтвер и хактивист, еден од основачите на Слободен софтвер Македонија. Работи волонтерски за заедницата за слободен софтвер уште од 1999 година.
Има завршено IT академија во Скопје и моментално работи како систем администратор. Тој е член на фондацијата GNOME и активен придонесувач во нејзините проекти. Еден од основачите и оддржувачите на првиот македонски веб сајт посветен на GNU/Linux - www.linux.net.mk.
Уште од раните почетоци на организацијата се ангажира на повеќе нивоа во разни активности меѓу кои и тригодишното координирање на проектот GNOMK, дел од проектот GTP на фондацијата GNOME, започнување на проектот за креирање на прва македонска GNU/Linux дистрибуција - МаЛинА, држење на предавања/презентации поврзани со слободниот софтвер (функционирањето на заедницата, проектот GNOME, слободен софтвер за почетници, итн), викито за слободен софтвер, локализацијата на Ubuntu и Fedora на македонски јазик, поставување на првата компјутерска лабороторија која што работи само на слободен софтвер во средното училиште во Крушево и слично.
Публикации:
- „Практичен водич за слободен софтвер“ - Во соработка со: UNDP Македонија
- „Пристапни опции во Edubuntu“ - Во соработка со: Отворете ги прозорците и Метаморфозис
- „Заштитете ја Вашата приватност на Интернет со Pidgin и OTR“
Останати активности:
- Креатор/автор на блогот „Лаптоп за секое дете“.
- 5000 компјутери со GNU/Linux во Македонија, објавена во он-лајн списанието GNOME Journal
- Еден од основачите на Хаклабот КИКА во Скопје
Со Арангел можете да контактирате на е-пошта: <arangel slobodensoftver.org.mk>.
GPG Key ID: E49E360A