http://www.slobodensoftver.org.mk За Нас
.:: Документи ::.

*Октомвриски II: GNU/Linux контра Microsoft - Македонија меѓу два огна.


*Октомвриски III: Владата се правда и лаже


*Октомвриски I: Владата на Република Македонија го одбра Microsoft и сака брзо да заврши со преговорите со софтверскиот монопол.



*Софтверска невиност Како македонија ја изгуби својата софтверска невиност. Белешки за Владата на Република Македонија и Мајкрософт, и за договорот кои тие го потпишаа.


*Писмата кои ОССМ ги праќа до Владата на РМ за обелоденување на целата постапка околу договорот со Microsoft и одговорите на Владата.

Тука ќе ги најдете писмата кои Слободен софтвер Македонија ги испраќа до Владата на Република Македонија, и одговорите на тие писмa.

Слободен софтвер Македонија на почетокот на август исто така испрати и отворено писмо до македонските медиуми(до македонската јавност) на истата тема. За подетални информации тука.




Пратени писма:

  • 17.09.2003 година. pismo_17-09-2003.pdf ( Писмото од John Hall од фондацијата Linux International до Владата на РМ на оваа тема.). Ова писмо покрај до Владата беше пратено и до Претседателот на Собранието на РМ, Претседателот на РМ и пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ЛДП и ДУИ;
  • 24.09.2003 pismo_24-09-2003.pdf - До Јани Макрадули, претседател на владината комисија за информатика;
  • 03.10.2003 година. pismo_03-10-2003.pdf - До Радмила Шекеринска, шеф на преговарачкиот тим;
  • 21.10.2003 година. pismo_21-10-2003.pdf - Барање до Владата на РМ да се обелодени во овој момент писмото на намери (како одговор на писмото од Радмила Шекеринска).
  • 01.12.2003 година. pismo_01-12-2003.pdf - Препорака до владата во неколку точки околу конечното(по се изгледа неизбежно) потпишување на штетниот договор со Микрософт, како утврдување на заедничките видувања по средбата со Потпретседателот на Владата Радмила Шекеринска.
  • 25.12.2003 година. pismo_25-12-2003.pdf - По објавувањето на целиот договор со Микрософт на kit.gov.mk, Слободен Софтвер Македонија побара да се објават и анексите на овој договор кои се интегрален дел од самиот договор а не се јавно објавени.



Примени одговори:

  • 13.10.2003 odgovor_13-10-2003.jpg - Радмила Шекеринска прати писмо во кое вели дека кога ќе биде усогласен текстот на договорот тој ќе биде достапен на јавноста.
  • 11.12.2003 година. odgovor_11-12-2003.png - Кабинетот на потпретседателот на владата на Р.М. по нашето барање за јавно објавување на договорот со Микрософт не извести дека тој е објавен на страната на Комисијата за информатичка технологија.
  • 29.12.2003 odgovor_29-12-2003.png - Кабинетот на потпретседателот на Владата на Р.М. Радмила Шекеринска ни одговори на барањето, но ни ги испрати само анексите А и Б. Анексот Е не е објавен со образложение дека договорот не го дозволува тоа. Анексите В и Г не се објавени без образложение.
  • 04.02.2004 odgovor_04-02-2004.png - Образложението од кабинетот на потпретседателот на Владата на Р.М. Радмила Шекеринска зашто Анексите В и Г не се објавени.


Copyright (C) 2003 Слободен Софтвер Македонија. <>

Дозволено е дистрибуирање и копирање на непроменети копии на целиов документ во било кој медиум, само доколку оваа забелешка е вклучена.
За секаква друга употреба на овој документ потребна е дозвола од лицата надлежни за него.

Слободен софтвер Македонија е непрофитна организација која се занимава со промовирање, развој и дистрибуција на слободниот софтвер во Република Македонија.