Слободен софтвер Македонија е непрофитна организација која се занимава со слободен софтвер и слободна култура во Р. Македонија. Слободен софтвер Македонија е посветена на промовирање на слободен софтвер и создавање на свест како за економскиот така и за социо-етичкиот контекст на слободниот софтвер, особено за земјите во развој, како што е и Република Македонија.
Слободен софтвер Македонија исто така неуморно работи на промовирање на слободна култура во услови кога општествениот и технолошкиот напредок овозможува сѐ поголем дел од човештвото да пристапува, создава, променува, објавува и дистрибуира различни видови на дела во дигитална форма.
| Програма за работа на Слободен софтвер Македонија за 2010 година | Вто Мар 9 2010 |
| Оддржано годишното собрание на Слободен софтвер Македонија за 2009 година | Вто Мар 9 2010 |
| Билтен на Слободен софтвер Македонија за декември 2009 | Нед Дек 20 2009 |
| Презентација на Е-општество.мк 2009 | Пет Дек 4 2009 |
| Билтен на Слободен софтвер Македонија за октомври 2009 | Чет Окт 29 2009 |