You are here

Известување (Предмет: Антикорупциската комисија за договорот со Микрософт)

Невладината организација Слободен Софтвер, ги поздравува и целосно ги поддржува заклучоците на Антикорупциската комисија со кои се потврдуват нашите тврдења дека договорот со Микрософт е склучен во крајно нетранспарентни околности, без јавна и научна дискусија, без разгледување на алтернативни решенија и секако без национална стратегија за развој на информатиката.

Воедно договорот овозможува директна монополска поставеност на Микрософт и е штетен, со несогледиви последици, за Република Македонија.

Истовремено ја информираме јавноста дека како посебен елемент во целиот процес на договарaње, Г-дин Горан Радман, региoнален директор на Микрософт, изјави "Нашите правни експерти и правниците на Владата изготвија план како целата работа да се изведе без тендер".Заклучоците на Антикорупциската комисија само ги потврдија сомнежите.

Слободен Софтвер Македонија смета дека за иднината на информатичкaтa индустрија во Македонија треба многу посериозно да се обрне внимание.

Слободниот Софтвер нуди технолошки, економски, едукативни, но и општествени придобивки за сите луѓе, а владата мора да го направи најдобриот избор во корист на македонските граѓани.

Воедно ја информираме јавноста дека Европската Унија го казни Микрософт со 613 милиони долари за монополистичко однесување и злоупотреба на доминацијата на нивните оперативни системи.

Слободен Софтвер Македонија смета дека за иднината на информатичките индустрија во Македонија треба многу посериозно да се обрне внимание. Слободниот Софтвер нуди технолошки, економски, едукативни, но и општествени придобивки за сите луѓе, а владата мора да го направи најдобриот избор во корист на македонските граѓани.

Слободен Софтвер Македонија и пред потпишувањето на договорот ги документираше аргументите против потпишување на истиот. Повеќе информации може да се најдат тука.

За Слободен софтвер Македонија
Слободен софтвер Македонија е непрофитна организација која се занимава со промовирање, распространување и развој на слободниот софтвер на територијата на Р. Македонија. Наша цел е постигнување прифаќање на слободниот софтвер и неговите концепции. Ги образуваме луѓето дека софтверот треба да биде слободен, и дека токму слободата е најважното прашање. Сметаме дека неслободниот софтвер е проблем кој треба да се реши, а не решение на некој проблем.