You are here

Записник од годишното собрание на Слободен Софтвер Макеоднија за 2018 година

На собранието присуствуваа: претседателот Дамјан Георгиевски, секретарот Христијан Бурмузоски, Никола Ковачевски, Новица Наков, Александар Лазаров, Висар Зејнулаху. Не беа присутни: потпретседателот Андреј Трајчевски и Никола Демерџиев. На состанокот присуствуваа и лица кои не се членови на организацијата или се членови на КИКА.

Собранието почна со задоцнување од 1 час поради неисполнување на условите за заседавање.
Записникот го водеше секретарот.

Дневниот ред кој беше опфатен на собранието според поканата е:

1. Годишен извештај за 2017 година

Беше констатирано дека годината помина во организирање кратки настани.
Просторот КИКА беше преселен на нова подобра локација.

2. Програма за 2018 година

2.1 Предавања за Слободен софтвер, хаклаб, ССМ во техничките факултети

Секретарот треба да ги направи презентациите и да договори термин.

2.2 Маркетинг

Треба да се обнови претходниот дизајн на флаери и по потреба да се направат нови за постери и истите да се принтаат.

2.3 Редовни настани во КИКА
2.4 Програмата Сподели

Треба да се прошири и активно спроведува

2.6 Кориснички и интересни групи

R, Python, Elixir, Sysadmin, итн.
За секоја група веќе има или треба да има одговорен човек (или двајца ако треба некој да отвара и/или предава

2.7 Вики

Треба да се организира настан за едитирање на wiki.spodeli.org бидејќи голем дел од содржините не се релевантни и структурата е застарена.

3. Разно

3.1 Интернет во КИКА

Интернет провајдерите ни немаат вратено на барањата за донација. Телекабел сеуште пробува, од Декември претходната година, да донесе кабел во просторот. Веројатно е дека ќе мораме да плаќаме за интернет.

3.2 Донации

Веќе има постоечки механизми за донации и членство. ССМ сеуште не прифаќа донации кои со себе носат обврски како маркетинг.

3.3 Настани

Посетување и организирање на поголеми настани како НСНД.