GNU/Linux Install Fest 2010
20ти ноември @ Хаклаб КИКА

20ти ноември @ Хаклаб КИКА

Вовед

По неколкуте успешни инсталациони фестивали реализирани во 2004, 2005 и 2006 година Слободен Софтвер Македонија веќе традиционално организира инсталационен фестивал на кој ќе можете, со помош на поискусни корисници, да инсталирате GNU/Linux на вашиот компјутер.

Настанот ќе се одржи викендот на 20ти неомври во просториите на Хаклабот КИКА - Скопје од 12 до 20 часот.

Сакаме да им дадеме на компјутерските корисници во Македонија шанса да го испробаат GNU/Linux бидејќи тој е одличен оперативен систем. Сакаме ваквиот собир да биде еден вид промоција и презентација која ќе ги избрка предрасудите што луѓето ги имаат за GNU/Linux. Сакаме да придонесеме во користењето на легален софтвер. Сакаме да придонесеме во користењето на квалитетен софтвер.

Install & Burn фестивал

Инсталфест e собир за инсталирање софтвер. На овој Инсталфест, ќе Ви помогнеме да инсталирате GNU/Linux на вашиот компјутер. Ако пак не сте заинтересирани да инсталирате GNU/Linux, можете да дојдете и само да се информирате. Или можете да донесете систем со веќе инсталиран GNU/Linux кој ви прави проблеми – ние ќе ви помогнеме да го средите.

Ако сакате сами да си го средите компјутерот, тогаш можете да дојдете со празни дискови или USB стик и да ги снимите најновите GNU/Linux дистрибуции. Видете ја листата на дистрибуции кои ги имаме.

Што да донесам?

Прочитајте го целиот ЧПП документ пред да дојдете.

Најавете се

Ве молиме напишете писмо на ако имате намера да дојдете на Инсталациониот фестивал. Ова не е задолжително – сакаме само да знаеме отприлика колку луѓе ќе дојдат.
Слободен софтвер Македонија, 2010.