You are here

Донирајте на Слободен софтвер Македонија

Ако сакате да донирате време и труд во зедницата тогаш продолжете кон проектите кои ги работи Слободен софтвер Македонија и заедницата.

Ако сепак сакате да донирате пари, тогаш тоа можете да го направите со уплаќање на средства на жиро-сметката на Слободен софтвер Македонија.

Жиро-сметката е 210-0570883401-10 при НЛБ Тутунска Банка АД - Скопје.

Шифра: 562 - Уплата за донации


uplatnica

Исто така можете да донирате книги во библиотеката на Слободен софтвер Македонија. За дополнување на библиотеката одржуваме листа на желби.

Пишете ни ако сакате некоја книга да се најде на листата на желби.

Дел од основачите и членовите на „Слободен софтвер Македонија“ заедно со луѓе од пошироката заедница го во 2009 година го формираат хаклабот КИКА.

Што е хаклабот КИКА?

За оние кои не се сретнале со овој термин претходно, хаклаб е место каде луѓе со заеднички интереси, најчесто компјутери и технологија како што е и во овој случај, можат да се среќаваат, социјализираат, соработуваат или едноставно да споделат знаење. Уште една идеја околу постоењето на ваков простор, е тоа што со комбинирањето и споделувањето на ресурсите и знаењето, може да се постигне многу повеќе.

Во КИКА во текот на неделата се одржуваат тематски денови, односно „GNU/Linux прва помош“ во понеделник, „Сподели кино“ во вторник, четврток е денот посветен на програмските јазици (ruby, python, javascript, erlang, C++ итн.), а во сабота се одржува целодневното „Сподели знаење“ каде што се одржуваат работилници од областа на слободниот софтвер а не ретко се работи на некој хардверски проекти и изработка на геџети. Сепак, концептот на КИКА му дава право на секој да дојде и да презентира сѐ што сака, ако за таа тема има заинтересирани.

Преку секојдневните активности и активната заедница, КИКА има за цел: да помага во креирањето на слободно информациско општество преку едукација, да биде едно од средиштата на заедницата на корисници на слободен софтвер, да представува лабoраторија за презентација на најнови технолошки достигнувања од светот на слободниот софтвер и отворени технологии, но и преку актот на споделување знаење да придонесува во надградбата и индивидуалниот развој на сите членови.

hacklab1hacklabhacklab2hacklab3hacklab4hacklab5

На КИКА и треба помош!

На жиро сметката на „Слободен софтвер Македонија можете да донирате средства за поддршка на првиот македонски хаклаб. Парите се користат за оперативните трошоци (кирија, струја, греење и сл). Во моментов најпотребни ни се финансиски средства за да можеме да продолжиме да ги оддржуваме сите активности кои што се и секогаш ќе останат отворени за јавноста.

Покрај финансиските средства во КИКА постојано се трошат LED диоди, отпорници, микроконтролери, струја, компјутери, наполитанки, матични плочи, хард дискови и РАМ меморија со кои се изработуваат најразлични проекти. На КИКА и треба и инфраструктура па ако имате осцилоскоп, столчиња, маси, полици, фотељи, алат, електронски компоненти и сл. би биле добредојдени.