На собранието на Слободен софтвер Македонија оддржано на 31 Јануари 2010 година, беше донесена следнава програма за работа на организацијата за 2010 година.
| Прилог | Големина |
|---|---|
| programa-za-rabota-2s.mk-2010.pdf | 124.8 KB |
Годишното собрание на Слободен софтвер Македонија се оддржа на 31 Јануари 2010 година. На него беше усвоен извештајот за работа на организацијата за 2009 година како и програмата за работа за 2010 година, која наскоро ќе биде објавена на нашата страница. Воедно организацијата му го честита изборот за член на Слободен софтвер Македонија на г-динот Виктор Стојановски и му посакува успешна работа. Во прилог можете да го преземете записникот од собранието.
| Прилог | Големина |
|---|---|
| zapisnik-sobranie-31.01.2010.pdf | 110.01 KB |
Добредојдовте во декемвриското издание од 2009 на билтенот на Слободен софтвер Македонија.
Содржина:
Роденден на Firefox
На 9-ти ноември 2009 Firefox го славеше својот 5-ти роденден. По тој повод во просториите на Факултетот за електротехника и инфоматички технологии, гупата Mozilla Македонија организираше прослава. Повеќе за настанот (и слики од тортата) има на форумот на IT.com.mk.
НСНД Загреб
Вонредниот „Ништо нема да се случи“ (Ništa se neće dogoditi) се случи во Загреб, Хрватска од 27 до 29.11.2009 година во хаклабот МАМА во Загреб.
Непосредна причина за овој НСНД беше токму отварањето на овој хаклаб. Програмата на настанот беше исполнета со различни теми, a своја шанса за настап доби и Дамјан кој го презентираше неговиот irc bot напишан во erlang.
Конференција Е-општество.мк 2009
На 2 и 3 декември 2009 во Скопје се одржа петата по ред конференција Е-општество, овој пат со наслов „Јас, медиум“. Како и до сега, Слободен софтвер Македонија учествуваше со презентација и дискусија на округлата маса.
Повеќе на веста презентација на Е-општество.мк 2009.
Три месеци хаклаб КИКА
До нова година нашио хаклаб КИКА ќе прослави 3 месеци работа и хакирање. Во изминатиот период во КИКА речиси без престан се одржуваа настаните „Сподели знаење“ - секоја сабота, „Убунту прва помош“ - секој понеделник и RubyMK собирите - секој четврток.
Хаклабот, покрај со ентузијазам, во овој период беше дополнет и со поголема збирка книги донација од Илин Петковски, како и хардвер донација од Арангел Ангов, Илин Петковски и Метаморфозис.
Содржината на оваа порака пред сѐ е наменета за новинари и организации со кои соработува Слободен софтвер Македонија, но истата се испраќа до сите оние кои се пријавиле за тоа.
Доколку и вие сакате да ја добивате оваа порака, пишете ни на <info
slobodensoftver.org.mk>.
На 2 и 3 декември 2009 година се одржа петата по ред меѓународна конференција Е-општество.мк, овој пат на темата „Јас, медиум“. Како и на претходните изданија, така и овој пат Слободен софтвер Македонија учестуваше со своја презентација на работниот дел од конференцијата.
Новица Наков презентираше на тема „Ширењето на хакерскиот дух“. Презентацијата опфати неколку примери за раниот развој на интернет, во време кога хакерите развивале софтвер самостојно и најмногу поради решавање на своите проблеми. Она што денес го знаеме како основно тело на интернет, започнало како занимација за голем број на програмери. Хакерската култура која типично ја објаснува желбата на луѓето да создаваат на овој начин, изникнува од американскиоте академски институции какко МИТ и Беркли, каде неслучајно се раѓа и слободниот софтвер.
Во рамките на отворената дебата на вториот ден, Игор Стаматовски зборуваше за искуствата на Слободен софтвер Македонија во самостојното организирање на активностите во хаклабот КИКА.

Денеска, новите медиуми не можат да се замислат без интернет, но дали духот на хакерите ќе се прошири помеѓу луѓето кои ги користат новите медиуми?
Има одлучно „да“ на ова прашање. Примерите од светот веќе јасно говорат дека луѓето, имајќи ги сите алатки на располагање, нема да чекаат некој друг да им пренесе информации или да обработи податоци. Можеби највидлив пример за ова е Gapminder.
Во Македонија исто така постојат неколку примери за ваква самостојна употреба на медиумите. Иако некои од овие не се базирани на слободен софтвер, сепак тие го следат оддолу-нагоре направи сам пристапот, нешто што го одликува хакерскиот дух.
Да се надеваме дека во иднина ќе се случи приближување и новите медиуми развивани во хакерски дух сѐ повеќе ќе го користат слободниот софтвер кој го пишуваат хакерите.
После подолга пауза, Слободен софтвер Македонија го објавува својот билтен со новости од светот на слободниот софтвер.
Документот е приложен како PDF во оваа вест, а истовремено може да се чита на интернет на адресата: http://wiki.lugola.net/2s.mkBilten10.09
| Прилог | Големина |
|---|---|
| 2s.mk-bilten-10.2009.pdf | 311.72 KB |
Како да помогнам?
Пријави се за месечна членарина за период од 12 месеци на http://slobodensoftver.org.mk/hacklab
Што сакаме да направиме?
Отворање на првата технолошка автономна зона, која ќе се користи за промовирање на користењето и развојот на еманципирачки технологии како слободниот софтвер, јавниот, отворен и пристапен интернет и алтернативните и социјални медиуми.
Ваквите технолошки автономни зони накратко познати како хаклаб или медиалаб го промовираат активното учество на грѓаните и ја поттикнуваат креативната употреба на технологијата, како одговор на оттуѓувањето и пасивното конзумирање што најчесто се поистоветува со компјутерската технологија. Хаклабот тоа би требало да го промени.
Тој ќе им овозможи на учесниците употреба на своето знаење во пријатна атмосфера, со слободен пристап до брз и неограничен интернет и шанса за стекнување нови знаења инспириеани од работата во помали групи на луѓе со исти или слични интереси во сферата на информатичката и комуникациската технологија.
Самата лабораторија ја поседува библиотеката на Слободен софтвер Македонија и можност на читање на голем број интересни технички и соци-технолошки книги, списанија и магазини.
Активностите вклучуваат и настани отворени за јавноста кои ќе се оддржуваат 2 пати неделно, Сподели знаење секоја сабота во времетраење од 5 часа и Сподели Кино секој вторник во времетраење од 2 часа.
Остатокот од времето ќе биде посветен на оддржување на курсеви за веб програмирање, програмирање на микроконтролери, користење на социјални мрежи и семантички веб упатство за употреба на веб 2.0, работа на проекти на членовите на лабораторијата, како изработка на апликации, микроконтролери и разни инсталации, па дури и роботи.
За лабораторијата е потребно изнајмување на 2 простории, една за одржување на сподели знаење а другата за сподели кино.
Поддржани од Слободен софтвер Македонија, на 5ти Септември со почеток во 16 часот, на градските плоштади во Скопје и Куманово ќе се оддржат настани за промоција на добро познатиот интернет прелистувач Mozilla Firefox. На овие настани ќе можете подобро да се запознаете со тоа што е Firefox, како работи, како може да Ви помогне при извршување на Вашите секојдневни задачи и како може да го направи Интернетот поинтересно место за посета.
Повеќе информации можете да најдете на веб сајтот на групата Mozilla Македонија.
Отворена покана за сите заинтересирани дека на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, на ден 15.04.2009 (среда) од 18 до 22 часот, во амфитеатарот на Факултетот, ќе имаат можност подобро да се запознаат со проектот Mozilla, на настан организиран од „Слободен софтвер Македонија“. На тој начин заинтересираните ќе имаат можност да ги продлабочат своите знаења од областа на употреба на Интернет технологиите и Интернет програмирањето.
Предавањата ќе ги водат: Сони Пирс (Sony PIERS), Арзел Јунзи (Arzhel YOUNSI) и Грег Костенобл (Grйgoire COUSTENOBLE), сите од Франција, истакнати придонесувачи на проектот Mozilla. Целта е да компјутерските корисници во Македонија добијат шанса одблизу да се запознаат со проектот Mozilla и оние кои го работат да видат каде и како можат да ги употребат неговите производи со цел подобро да си ги завршат своите задачи.
Во склоп на настанот предвидено е да се одржат две предавања/работилници:
* Техничко предавање: Firefox за веб програмери, отворени веб стандарди, прелистувач што е напишан според стандардите , HTML 5, новата структура за обработка на JavaScript, нови CSS можности;
* Предавање за крајните корисници: како да се користи web 2.0 во Firefox, демонстрација на отворени веб стандарди, интересни додатоци и можности.
Слободен софтвер Македонија е здружение на граѓани во Република Македонија формиранo од, претежно, млади луѓе кои секојдневно користат слободен софтвер во својата домашна и професионална работа. Како организација работи на промовирање на слободниот софтвер во Република Македонија.
Фондацијата Mozilla e непрофитна организација која постои за да обезбеди водство и поддршка на Mozilla проектот за слободен софтвер. Таа ги одредува насоките и стандардите при развојот на производите од проектот Mozilla. Најзначајните производи од овој проект се: интернет прелистувачот Mozilla Firefox, клиентот за електронска пошта Mozilla Thunderbird и во поново време интернет прелистувачот за мобилни уреди Mozilla Fenec.
Tурата по европските Mozilla заедници e замислена како три неделно патување на неколку членови на тимот на Mozilla во различни држави од Источна европа и Балканот во кои интернет прелистувачот Mozilla Firefox се користи на повеќе од 50% од компјутерите. Идејата на патувањето е да се промовира Mozilla, нејзината мисија да промовира отворени веб стандарди и да се сретнат локалните заедници кои го помагаат развојот на Firefox и останатите производи од Mozilla.
Турата можете да видите како напредува на следниов линк, на блогот на Mozilla. Гостите од Mozilla на нивната турнеја би требало прво да ја посетат Струмица, повеќе информации очекуваме од нашите пријатели од Струмица, а ќе ги објавиме на нашиот блог.

Извештајот за работа на Слободен софтвер Македонија презентиран на годишното собрание одржано на 10.01.2009 година е достапен за преземање од оваа страница.
| Прилог | Големина |
|---|---|
| izvestaj-za-rabota-2008.pdf | 93.71 KB |
На 22 декември (понеделник) во просториите на Културниот центар Точка со почеток во 17 часот, во организација на Центарот за нови медиуми и Слободен софтвер Македонија ќе биде организирана отворена дискусија на теми: производство на интернет апликации, развој на тимови, имплементација на различни методологии и технологии, интернет маркетинг и промоција.
Ќе се дискутира за:
Ќе зборуваат:
Влезот е слободен, а програмата е отворена, што значи може да се дополни се до последен момент доколку има заинтересирани за презентација на оваа тема.
Вечерта продолжува со Проекција:
„Навистина остварени детски сништа“ оддржано од професорот Ренди Појш од Универзитетот Карнеги-Мелон со последното Сподели Кино оваа 2008 година.
„Сите ние имаме детски соништа за тоа што ќе правиме кога ќе пораснеме. На пример: да бидеме астронаути, да снимаме филмови, да правиме видео игри. За жал, повеќето луѓе никогаш не успеваат да ги реализираат своите детски соништа, и сметам дека е навистина штета што тоа е така.
Јас имав неколку специфични детски соништа, и јас навистина ги реализирав повеќето од нив. Но поважно од тоа, најдов начин да им помогнам на многу млади луѓе да успеат и да ги реализираат нивните детски соништа со отварањето на Центарот за забавни технологии на универзитетот Карнеги-Мелон заедно со Дон Маринели“ - Ренди Појш, 23 Октомври 1960 - 25 Јули 2008 година.
Оваа дискусија претставува затворање на сезоната за повеќе настани кои се одвиваа во текот на 2008 во одделна организација на Слободен софтвер Македонија и Центарот за нови медиуми. Станува збор за Сподели кино и Сподели знаење во организација на Слободен софтвер и Face2Face (лице во лице) во организација на Центарот за нови медиуми.