На 22 декември (понеделник) во просториите на Културниот центар Точка со почеток во 17 часот, во организација на Центарот за нови медиуми и Слободен софтвер Македонија ќе биде организирана отворена дискусија на теми: производство на интернет апликации, развој на тимови, имплементација на различни методологии и технологии, интернет маркетинг и промоција.
Ќе се дискутира за:
Ќе зборуваат:
Влезот е слободен, а програмата е отворена, што значи може да се дополни се до последен момент доколку има заинтересирани за презентација на оваа тема.
Вечерта продолжува со Проекција:
„Навистина остварени детски сништа“ оддржано од професорот Ренди Појш од Универзитетот Карнеги-Мелон со последното Сподели Кино оваа 2008 година.
„Сите ние имаме детски соништа за тоа што ќе правиме кога ќе пораснеме. На пример: да бидеме астронаути, да снимаме филмови, да правиме видео игри. За жал, повеќето луѓе никогаш не успеваат да ги реализираат своите детски соништа, и сметам дека е навистина штета што тоа е така.
Јас имав неколку специфични детски соништа, и јас навистина ги реализирав повеќето од нив. Но поважно од тоа, најдов начин да им помогнам на многу млади луѓе да успеат и да ги реализираат нивните детски соништа со отварањето на Центарот за забавни технологии на универзитетот Карнеги-Мелон заедно со Дон Маринели“ - Ренди Појш, 23 Октомври 1960 - 25 Јули 2008 година.
Оваа дискусија претставува затворање на сезоната за повеќе настани кои се одвиваа во текот на 2008 во одделна организација на Слободен софтвер Македонија и Центарот за нови медиуми. Станува збор за Сподели кино и Сподели знаење во организација на Слободен софтвер и Face2Face (лице во лице) во организација на Центарот за нови медиуми.
Согласно одредбите на Статутот на Слободен софтвер Македонија, годишното собрание на организацијата ќе се одржи на 10.01.2009 год. (сабота) на локацијата за СподелиЗнаење, со почеток во 12 часот.
Дневниот ред е:
Сите информации за тоа како се одвива Собранието се составен дел на Статутот.
На 10 декември 2008г. во организација на Метаморфозис во Скопје повторно се случи E-Society, конференција преку која се разгледуваат начините и можностите за имплементирање на услугите на ИКТ во служба на граѓаните. Оваа година повторно имавме наш удел во реализирањето на конференцијата преку наша презентација, во сесијата „e-Education Platforms“, на тема „FLOSS Solutions“, односно решенија базирани на слободен софтвер за е-образовни цели. Презентер беше Александар Балаловски.

Наш впечаток е дека конференцијата помина со нешто помал интензитет за разлика од другите години. Имаше предавачи кои најблаго речено не ја познаваа тематиката која, со оглед на нивните позиции би требало да ја владеат, а која нас нѐ засегна поради тоа што голем дел од темите опфаќаа и споменување или конкретни решенија кои се слободен софтвер. Неколку моменти го задржаа нашето внимание, особено кога на прашања поставувани од публиката во врска со гласовен синтесајзер на македонски претставниците од конкретни институции даваа дипломатски одговори, заобиколувајќи го конкретниот одговор. Би сакале да споменеме дека како слободен софтвер за гласовно синтентизирање на македонски јазик постојат неколку решенија, од кои дел се веќе имплементирани во Edubuntu. Espeak е исто така решение кое е слободен софтвер и кое „зборува“ течен македонски.

Во текот на некој од наредните сесии беше направена паралела помеѓу хакерите и криминалците, па дури и беше сугерирано дека „местото на хакерите е во Идризово“. Можеби ова звучи ноншалантно и небитно, но според нас, ваквите терминолошки бариери ја отежнуваат работата на оние кои се најзаслужни за постоењето на Мрежата како таква. Хакерите не се кракери не се криминалци! Интернет како појава денес постои поради тоа што некои луѓе кои се вистински хакери, некогаш направиле нешто од протокот на податоци. Сепак не би сакале личноста која „ни покажа“ да ја оквалификуваме како непрофесионалец, затоа што имаме почит кон сите.
Се надеваме дека догодина вакви конференции ќе има повеќе, особено би биле среќни доколку на ваквите конференции е задоволство да се дискутира со небирократскиот аспект на ИКТ на теми кои очигледно се нашата иднина.
Слободен софтвер Македонија (2с.мк) располага со проектор Benq cp220c, кој го купивме благодарејќи на јавно собирање донации. Сметаме дека проекторот треба да биде достапен и за други организации - за да не бидат доведени во ситуација (во која 2с.мк бил многу пати претходно) да неможат да организираат настани поради глупа причина како немање проектор.
Сепак како оскуден ресурс, ќе мора да дефинираме некои правила за користење на проекторот од други организации:
Слободен софтвер Македонија го задржува правото да го менува на транспарентен начин правилникот наведен погоре, како и дека има дискреционо права да не одговори позитивно на барањето ако проекторот треба да се користи за потребите на нашата организација.
Исто така името на корисниците ќе биде објавено на нашата листа на корисници на проекторот.
За да го добиете проекторот пишете нѝ на нашата email адреса, и отворете барање во системот за задачи, за да знаат нашите членови дека некому му е потребен проекторот и најдат слободен човек кој ќе го донесе на настанот и ќе го земе откако настанот ќе заврши. Ќе се обидеме да ви одговориме во разумен рок.
Сите оние кои имаат потреба да го ползуваат проекторот со кој располага Слободен софтвер Македонија, треба да го пополнат своето барање минимум 5 работни дена пред да се случува настанот, да напишат за каков настан им треба и за што ќе се употребува и кој е организатор на настанот, како и да остави информации за контакт.
Слободен софтвер Македонија ќе го прослави денот на слободен софтвер на 4.10.2008 година организирајќи презентации за слободен софтвер и слободна култура.
За таа цел, во 14 часот на плоштадот Македонија, група уметници колаборативно ќе сликаат платно посветено и инспирирано од овој ден.
Претходно во 12ч. , во културниот центар Точка, заинтересираните ќе можат да дојдат и да се информираат околу идеите за слободен софтвер, слободна култура, како и да се запознаат со активностите на „Слободен софтвер Македонија“ и идеите за понатаму.

Во текот на целото ова време, ќе делиме дискови со слободниот оперативен систем Ubuntu Linux, модификуван токму за оваа пригода со дополнителни пакети и содржини од уметниците кои за овој ден ни се придружија. На дискот има и слободен софтвер за други оперативни системи како и филм за слободната култура.
Денес, Слободен софтвер Македонија одржа конференција за печат во НВО Инфоцентарот каде што ги информираше новинарите за официјалното издавање на верзијата 3 на популарниот прелистувач за Интернет Firefox, како и неговоиот превод на македонски јазик.
Новинарите беа запознаени со некои од новите можности на популарниот прелистувач и со некои детали за локализацијата.
По овие информации, претставниците на организацијата ги поканија сите присутни на забавата по повод издавањето на Firefox 3, што во среда ќе се одржи во културниот центар Точка, со почеток во 20 ч.
Во рамките на своите активности, „Слободен софтвер Македонија“ посветува значајно внимание на проблемите со локализација на слободниот софтвер на Македонски. Досега, организацијата, преку својата соработка со заедницата на корисници на слободен софтвер, има учествувано во локализација на позначајните софтверски пакети, како OpenOffice.org, Mozila Firefox, KDE, Gnome, Ubuntu Linux, Fedora Linux и др.
Поради овие локализациски активности, во Македонија е воспоставена заедница на локализатори кои веќе неколку години се грижат за превод на овие програмски пакети.
Имајќи предвид дека тендерот на USAID/AED/PEP (RFP 01/2008-ICT) за локализација на слободен софтвер за потребите на Edubuntu имплементацијата во образованието во Република Македонија, вклучува програми на кои веќе заедницата има работено, „Слободен софтвер Македонија“ има неколку забелешки:
1. Изненадени сме дека „Слободен софтвер Македонија“ не е консултирана, која е единствена во Република Македонија континуирано води грижа за локализација уште од самиот почеток на нејзиното основање. За овој тендер дознавме случајно, преку компании и организации кои ќе учествуваат на тендерот и побараа наша помош, бидејќи сме единствени кои имаме технички познавања од проблематиката;
2. Во оваа смисла, заобиколена е и заедницата на локализатори, која во текот на последните 10 години има инвестирано многу време и ентузијазам за да обезбеди значителен дел од множеството слободни софтверски пакети на македонски јазик;
3. Скоро сите софтверски проекти ја организираат локализацијата преку тимови за локализација кои се во редовна комуникација со матичниот проект и го „одржуваат" преводот. Без соработката со овие тимови, добитникот на тендерот нема да може да обезбеди финален производ. Никаде во тендерот не е наведена обврска на добитникот да соработува со овој локализациски тим ниту да се координира за терминологијата;
4. Значаен дел од програмите (според квантумот за преведување) се веќе локализирани. Зарем добитникот на тендерот ќе биде финансиски компензиран за работа која некој друг веќе ја направил?
5. Во тендерот, не постои ставка која бара од добитникот да ги врати преводите назад кон матичниот проект. Таквата ставка обезбедува поширока корист од преведените програми и дистрибуција на преводот надвор од образовните институции до сите корисници на софтверот.
6. Најмногу сме загрижени за кампањското третирање на локализацијата на програмите. Локализација значи континуирано преведување низ повеќе верзии на програмите, т.е одржување на превод, а не само еднократна активност. Со ваков начин на реализација на проектот, постои опасност од демотивирање на постоечката заедница на локализатори. Сметаме дека мора да се најде начин и да обезбедиме одржливост на веќе постоечките локализаторски процеси, кој ќе ја земе предвид заедницата чиј интерес е одржување на преводите.
Слободен софтвер Македонија стои на располагање за консултација за било кое прашање во врска со слободниот софтвер.
Добредојдовте во априлското издание на билтенот на Слободен софтвер Македонија.
Содржина:
Пресконференција: „Кирилицата и слободниот софтвер“
Слободен софтвер Македонија во просториите на НВО Инфоцентарот одржа кратка презентација за новинарите за кириличните можности на слободниот софтвер.
За презентацијата беше користена најновата верзија на GNU/Linux дистрибуцијата , која патем, е целосно локализирана на македонски јазик.
Презентацијата имаше за цел да ја запознае пошироката јавност со можностите на слободниот софтвер од ова поле. Поточно, дека овие букви се достапни во слободниот оперативен систем во повеќе програми и веќе можат да се користат.
http://slobodensoftver.org.mk/vesti/slobodniot_softver_pisuva_pravilna_k...
Нов систем за пријавување на грешки во проектите за локализација
Изминатиов месец беше подновен системот за пријавување на грешките во проектите за локализација на софтвер на македонски јазик. Сите заинтересирани можат да пријавуваат грешки за GNOME, KDE, Ubuntu, Fedora, Pidgin, Firefox, Thunderbird, XFce, OpenOffice.org итн на http://bugs.softver.org.mk. Ветуваме дека ова нема да одземе повеќе од 2 минути од вашето време, а со пријавување на грешка во македонскиот превод на било кој слободен софтвер ќе придонесете за подобро искуство при употреба за сите што го користат софтверот на македонски јазик.
Pidgin, софтвер за инстант пораки целосно преведен на македонски
Мулти-платформскиот и мулти-протоколски клиент за инстант пораки Pidgin е повторно целосно преведен на македонски јазик од страна на тимот за локализација на софтвер во Слободен софтвер Македонија (овој пат со помош и од членови на заедницата). Pidgin може да се користи за поврзување на сите популарни протоколи како што се Jabber, ICQ, MSN, Yahoo, AIM и сл.
Најновата верзија на Pidgin можете да ја преземете од: http://www.pidgin.im
Ресурсен центар „Ubuntu за Македонија“
Паралелно со објавувањето на една од најпопуларните дистрибуции на GNU/Linux - Ubuntu Linux 8.04 беше отворен и ресурсниот центар за Ubuntu на македонски јазик. Проектот „Ubuntu за Македонија“ е целосно поддржан од страна на Слободен софтвер Македонија. Овој ресурсен центар треба да претставува место каде што сите корисници на Ubuntu Linux би можеле да побараат бесплатен совет за било што поврзано со овој оперативен систем.
http://ubuntu.linux.net.mk
http://www.ubuntu.com
Доколку и вие сакате да ја добивате оваа порака, пишете ни на <info
slobodensoftver.org.mk>.
Денес, 30.04.2008 г. во 11 часот, Слободен софтвер Македонија во просториите на НВО Инфоцентарот одржа кратка презентација за новинарите за кириличните можности на слободниот софтвер.
За презентацијата беше користена најновата верзија на GNU/Linux дистрибуцијата Ubuntu, која патем, е целосно локализирана на македонски јазик.

Оваа презентација всушност беше дополнување на штотуку започната кампања за кирилица која ја спроведуваат МИА и Идеа+ за промовирање на кирилицата во работата со компјутери. Во овој контекст, посебно внимание се посветува на изгледот на ракописните букви „д“, „т“ и „г“, како и на специфичните „е“ и „и“ со цртичка.
Презентацијата имаше за цел да ја запознае пошироката јавност со можностите на слободниот софтвер од ова поле. Поточно, дека овие букви се достапни во слободниот оперативен систем во повеќе програми и веќе можат да се користат.

Добредојдовте во мартовското издание на билтенот на Слободен софтвер Македонија.
Содржина:
Слободен софтвер Македонија купи проектор
По успешната кампања за донации од минатиот месец, Слободен софтвер Македонија купи проектор за потребите на Сподели Кино и Сподели знање. Моделот на проекторот е BenQ MP620c. Им заблагодаруваме за донациите и за помошта околу купувањето на сите кои учествуваа и донираа. Се гледаме на Сподели Кино и Сподели знаење.
http://spodeliznaenje.blogspot.com/
http://kajmakot.softver.org.mk/proektor_donacija/
Ажурирање на OLPC лаптопите во Македонија
При крајот на месец март Слободен софтвер Македонија организираше еднодневен настан на кој беа ажурирани OLPC лаптопите со најнови верзии на оперативниот систем решавајќи ги неколкуте проблеми на дечињата од основните училишта „Војдан Чернодрински“ во општината Карпош и „Дитурија“ во Сарај кои ги имаа при нивното користење.
Одбележан Денот на слободни документи
На 26 март заедно со градовите на 20 земји во светот Слободен софтвер Македонија скромно го одбележа Денот на слободни документи со огранизирање јавна трибина на која беше дискутирана употребата на отворени стандарди во Македонија. Целта на ваков ден е да се подигне свесноста за употреба на отворени стандарди и документи кои ќе можат да се употребуваа на било која платформа во било кое време. Беа присутни преставници од Слободен софтвер Македонија, Метаморфозис и заедницата на корисници на слободен софтвер. Фотографии од настанот може да се погледнат во Галеријата на слики.
На 29 март и во Прилеп во организација на Групата на корисници на Линукс од Прилеп во Фондацијата за поддршка и развој беш одбележан Денот на слободни документи со презентација на слобoдни формати и јавна дебата на која беа правени споредби помеѓу Microsoft Windows, Microsoft Office и GNU/Linux, OpenOffice.org и OOXML и ODF документ форматите.
http://www.flickr.com/photos/spodeliznaenje/2365060828/
http://picasaweb.google.com/dimeski.kiril/DocumentFreedomDay2008
Македонски верзии на пред-изданието на Firefox 3
Во текот на месец март почнаа да излегуваат и пред-издание верзиите на интернет прелистувачот Firefox 3 на македонски јазик. Во овој период преводот како и можностите на прелистувачот се финализираат и активно се доработуваат во пресрет на официјалната верзија Firefox 3.0. Македонската верзија може да се тестира и преземе од сајтот на Мозила.
http://ftp.mozilla.org/pub/mozilla.org/firefox/nightly/latest-trunk-l10n...
Излезе GNOME 2.22
Излезе финална верзија на работната околина GNOME верзија 2.22. Нова верзија на работната околина GNOME излегува секои шест месеци, со нови опции, подобрувања, поправени „бубачки“ и преводи. GNOME меѓу другото е стандардната работна околина на Ubuntu Linux оперативниот систем и е целосно преведен на македонски јазик. Погледнете ги белешките за изданието.
http://library.gnome.org/misc/release-notes/2.22/index.html.mk
Доколку и вие сакате да ја добивате оваа порака, пишете ни на <info
slobodensoftver.org.mk>.