You are here

Годишно собрание на Слободен софтвер Македонија

Согласно одредбите на Статутот на Слободен софтвер Македонија, годишното собрание на организацијата ќе се одржи на 19.01.2008 год. (сабота) во Точка, со почеток во 18 часот.

Дневниот ред е:

  1. Годишен извештај за 2007 година;
  2. Прием на нови членови во организацијата;
  3. Разрешување на претседателот, потпретседателот и секретарот на организацијата поради истек на мандатот;
  4. Избор на претседател, потпретседател и секретар на организацијата;
  5. Донесување на насоки за соработка со други правни лица;
  6. Разно.

Сите информации за тоа како се одвива Собранието се составен дел на Статутот.