Македонски превод на Mozilla
Што е Мозила?
Мозила е комплет апликации за работа на интернет, и вклучува:
- веб браусер, кој ги поддржува сите модерни стандарди и плагини за гледање
на веб страни: JavaScript, Java, CSS2, DOM, XML, XHTML, најразлични плагини;
и нуди диполнителни можности кои ги нема во Интернет Експлорер и Опера, како
менаџер на даунлоуди, попапи, колачиња, лозинки и формулари, итн.
- мејл и њуз клиент, кој поддржува напредна работа, како работа со повеќе
e-mail сандачиња истовремено, беспрекорно функционирање на кирилицата, јуникоуд
поддршка, html и plain-text имејл, офлајн работа со њуз, криптографија; и, се
разбира, одлична интеграција со Мозила браусерот.
- IRC клиент - богат клиент за муабетење на IRC
- Составувач на веб страни
Мозила работи на Windows, MacOS X, Linux, разни UNIX-и, ... Повеќе информации
на http://www.mozilla.org/.
Што ќе се преведува и ефекти
Ќе се преведуваат сите компоненти на Мозила, како и специфичните компоненти
за Windows и Linux.
Ефект од преведувањето ќе биде најсовремениот пакет за работа со интернет на
македонски.
Данко Илиќ
danko@freemail.com.mk
|