ОССM Форум - OpenOffice - БелаКнига - СакамСлободенСофтвер - ЗаНас


http://www.slobodensoftver.org.mk Преведувачки маратон 14 и 15 јуни 2003 година
Пријавување
Преведување Online



Во организација на СЛОБОДЕН СОФТВЕР МАКЕДОНИЈА, а по повод љубов кон мајчиниот јазик, по втор пат ќе се трча маратон за локализација на слободен софтвер. Информации за првиот тука

Кога, каде?
Маратонот ќе се одржи викендот 14 - 15 јуни 2003 во просториите на Акцент компјутери кои се наоѓаат спроти фонтаната во градскиот парк.

Како да учествувам?
Сите потенцијални маратонци треба да се пријават:

http://www.slobodensoftver.org.mk/maraton2003

Со што се занимава Слободен софтвер Македонија?
Слободен софтвер Македонија (www.slobodensoftver.org.mk) е непрофитабилна и невладина организација во Република Македонија која се занимава со унапредување, промовирање и распространување на слободен софтвер, и негова локализацијаи, како и третирање на развивањето на софтвер како научно истражување, слободно и јавно достапно во својот изворен облик! Тука пред сe го наведуваме GNU/Linux оперативниот систем и апликативениот софтвер како OpenOffice.org и Моzilla. Со својата работа, ОССМ активно учествува во развојот на Free Software/Open Source заедницата. Ние сме дел од таа заедница и директно ја претставуваме Република Македонија.

Зад организацијата се наоѓаат неколку реализирани проекти од кои како најголем ќе го наведеме претходниот маратон организиран во декември 2002 година на кој целосно е преведен канцеларискиот пакет OpenOffice.org на македонски (www.slobodensoftver.org.mk/ooo/). Во тек е подготовка и на предлог закон за слободен софтвер (www.mksoftver.org/damjan/index.php/whitepaper).

Цели на маратонот за локализација на слободен софтвер
Слободен Софтвер Македонија ја увидува потребата од употеба на слободниот софтвер на сите нивоа, почнувајќи од високо образовните институции, преку големите, средните и малите компании па се до домашните корисници. Имајќи ја во предвид економската ситуација во државата и вискоките цени за лиценцирање на оперативни системи и софтверски продукти, а водени од светските движења и искуства во сите развиени и неразвиени региони во светот, Слободен Софтвер Македонија се одлучи на иницијатива за реализаирање на најголемиот проект во историјата на РМ кој се однесува за локализација на софтверски продукти. Имено, на 14 и 15 јуни 2003 со маратонска локализација ќе се локализираат следните софтверски продукти:

1. KDE, работна околина на Linux платформа (www.kde.org)
2. Gnome, работна околина на Linux платформа (www.gnome.org)
3. Mozilla, програмски интернет пакет, на Linux и Windows platforma (www.mozilla.org)

Имајќи во предвид дека се работи за софтверски пакети кои се слободни (www.mksoftver.org/damjan/index.php/prasanne1) за употреба, т.е. се издадени под GPL или некоја друга слободна лиценца, сите кои сакаат да користат софтвер на македонски јазик ќе ја имаат таа можност слободно и бесплатно.

Смени, термини и организација на работа
Потребни услови за учество се познавање на англискиот јазик и основна работа со компјутер.

Маратонот ќе се одржи викендот на 14 и 15 јуни 2003 година во просториите на Акцент компјутери (www.accent.com.mk), ќе трае два работни дена и ќе се одвива по 24 часа дневно. Преведувачите ќе бидат поделени во 3 групи и двата дена:
- првата група ќе работи од 8:00 - 16:00 часот
- втората од 16:00 - 24:00 часот и
- третата (ноќна смена) од 24:00 - 8:00 односно додека не заспијат, а бидејќи е маратон ќе мора да издржат што е можно повеќе :-)
Оптимално е секој да помине по една смена во сабота и една во недела. Обезбедени се пијалоци и храна за маратонците.

Придобивки
Иако сметаме дека не е неопходно да ја анализираме потребата од локализаирано софтверски производи, само на каратко ќе на споменеме дека бенифициите од овие пакети ќе бидат непроценливи од повеќе аспекти:
1. Поради слободната лиценца сите институции, компании и поедници ќе можат слободно и бесплатно да ги користат овие пакети, што значи дека никој веќе нема да биде приморан да издвојува енормни суми за софтверски пакети кои во крајна линија и не се на македонски јазик
2. Имајќи во предвид дека пакетите се на македонски јазик, самата обука на голем број вработени ќе се намали од аспект на време-траење на истата, што повторно значи голема заштеда на време, човечки ресурси и секако материјални торошоци.
3. Третиот сегмент кој можеби е најдолгорочен и најбитен за Република Македонија е можноста да се подигне бројот на корисници на компјутери во РМ, од простиот факт што многу корисници не се одлучуваат на користење на компјутер затоа што не знаат англиски јазик или се на возраст и со обврски, и материјално неспремни да посетуваат курсеви за англиски јазик за да можат да ги користат бенифициите на информатичкото општество.

Секако на вас доколку сеуште не сте го направиле тоа ви преостанува да го пријавите вашето учество.
Ве очекуваме!

Слободен Софтвер Македонија 2003 0.003 сек.