*Октомвриски I: Владата на Република Македонија го
одбра Microsoft и сака брзо да заврши со
преговорите со софтверскиот
монопол.
*Софтверска невиност Како македонија ја изгуби својата софтверска невиност. Белешки за Владата на Република Македонија и Мајкрософт, и за договорот кои тие го потпишаа.
*Писмата кои ОССМ ги
праќа до Владата на РМ за обелоденување на целата постапка околу договорот со Microsoft и одговорите на Владата.
Октомвриски документи
Вовед
Владата на Република Македонија и Microsoft го најавија „стратешкиот
договор“ кој имаат намера да го потпишат на Microsoft-овата конверенција
„Визија“ која се одржа пролетта 2003 година. Сепак, ваквите најави скоро и да
не го фатија окото на јавноста, сѐ до сега.
Благодарение на активностите на Слободен софтвер Македонија во информирање
на јавноста, но и благодарение на активностите на Владата околу договорот
со Microsoft (писмото со намери беше донесено на 30-ти септември 2003
година), во јавноста почнаа да протекуваат некои мали капки на информации
околу договорот кој Владата сака да го потпише.
Целта на оваа страна е да ги коментира токму тие информации, изјави,
најави...
На оваа страна, исто така, ќе ги најдете и писмата кои Слободен софтвер
Македонија ги испраќа до Владата на Република Македонија, и одговорите на
тие писма (доколку ги има).
Името на овие докуметни е „Октомвриски документи“ од проста причина што
нивното настанување е во месец октомври, револуционерниот октомври.
Среќно читање.
Искрено ваша, Слободен софтвер Македонија
Copyright (C) 2003 Слободен Софтвер Македонија. <>
Дозволено е дистрибуирање и копирање на непроменети копии на целиов документ
во било кој медиум, само доколку оваа забелешка е вклучена.
За секаква друга употреба на овој документ потребна е дозвола од лицата
надлежни за него.
Слободен софтвер Македонија е непрофитна организација која се занимава со
промовирање, развој и дистрибуција на слободниот софтвер во Република
Македонија.