Слободен софтвер Македонија освои прво место на националниот натпревар „Подобри идеи за ЕУ фондови“ организиран од ЕКО Свест за својот предлог „Метео сензор кутии“.
Извадок од образложението за проектот:
Метео сензор кутии е проект за создавање на паметни уреди со помош на Аrdino (мини компјутер) кои можат во различни услови да мерат надворешни појави како што се температура, ветер, влажност, CO2 и сл. Овие информации се видливи за секој од корисниците, но можат да се испраќаат и до централен сервер кој ќе ги агрегира податоците.
Со овој проект на граѓаните им се дава шанса да учествуваат во собирање на податоци за својата околина. На тој начин се креира заедница која е создавач на информации од јавно значење меѓутоа и заедница која со самото учество ќе биде поттикната да бара подобрување на условите во животната средина.
На повикот што беше распишан во 2012 година 2с.мк аплицираше со две идеи. Идеите се во прилог на оваа вест.
Прилог | Големина |
---|---|
nacionalen_konkurs_prijava_2s.mk1-veloskopje.pdf | 86.47 KB |
nacionalen_konkurs_prijava_2smk-meteokutija.pdf | 86.92 KB |