You are here

Билтен на Слободен софтвер Македонија за декември 2009

Добредојдовте во декемвриското издание од 2009 на билтенот на Слободен софтвер Македонија.

Содржина:

  1. Роденден на Firefox;
  2. НСНД Загреб;
  3. Конференција Е-општество.мк 2009;
  4. Три месеци хаклаб КИКА.

Роденден на Firefox

На 9-ти ноември 2009 Firefox го славеше својот 5-ти роденден. По тој повод во просториите на Факултетот за електротехника и инфоматички технологии, гупата Mozilla Македонија организираше прослава. Повеќе за настанот (и слики од тортата) има на форумот на IT.com.mk.

НСНД Загреб

Вонредниот „Ништо нема да се случи“ (Ništa se neće dogoditi) се случи во Загреб, Хрватска од 27 до 29.11.2009 година во хаклабот МАМА во Загреб.

Непосредна причина за овој НСНД беше токму отварањето на овој хаклаб. Програмата на настанот беше исполнета со различни теми, a своја шанса за настап доби и Дамјан кој го презентираше неговиот irc bot напишан во erlang.

Конференција Е-општество.мк 2009

На 2 и 3 декември 2009 во Скопје се одржа петата по ред конференција Е-општество, овој пат со наслов „Јас, медиум“. Како и до сега, Слободен софтвер Македонија учествуваше со презентација и дискусија на округлата маса.

Повеќе на веста презентација на Е-општество.мк 2009.

Три месеци хаклаб КИКА

До нова година нашио хаклаб КИКА ќе прослави 3 месеци работа и хакирање. Во изминатиот период во КИКА речиси без престан се одржуваа настаните „Сподели знаење“ - секоја сабота, „Убунту прва помош“ - секој понеделник и RubyMK собирите - секој четврток.

Хаклабот, покрај со ентузијазам, во овој период беше дополнет и со поголема збирка книги донација од Илин Петковски, како и хардвер донација од Арангел Ангов, Илин Петковски и Метаморфозис.


Содржината на оваа порака пред сѐ е наменета за новинари и организации со кои соработува Слободен софтвер Македонија, но истата се испраќа до сите оние кои се пријавиле за тоа.

Доколку и вие сакате да ја добивате оваа порака, пишете ни на <info Е-пошта slobodensoftver.org.mk>.