You are here

Предавања на Институтот за информатика - Професионална етика

Дамјан Георгиевски и Новица Наков од Слободен софтвер Македонија на 24 и 25 ноември 2010 година одржаа две предавања за слободен софтвер за студентите од Институтот за информатика при ПМФ кои го слушаат предметот Професионална етика.

Часовите беа надополнети со снименото видео предавање на Ричард Сталман кое во мај 2010 се одржа во Скопје и со предавање од Кирил Симеоновски од Wikimedia Македонија кој зборуваше за Wikipedia и сестринските проекти.