You are here

Презентација на можностите на Лаптопот за секое дете (OLPC) во Скопје

На 12ти декември, среда, со почеток од 20:00 часот во Точка (позади Соборен храм) ќе се одржи кратка презентација на лаптопот XO, познат како лаптопот за секое дете. Настанот е организиран од страна на Слободен софтвер Македонија во склоп на проектот „Сподели знаење“. Еве го и распоредот за презентацијата:

  • Почеток на настанот. Вовед и објаснување за гостите.
  • Видео од презентација на Николас Негропонте - Директор на фондацијата OLPC дадена на конференцијата ТЕD
  • Образовните можности на OLPC
  • Технички спецификации и можности на OLPC презентација на 2 OLPC лаптопи

Слободен софтвер Македонија веќе целосно го локализираше на македонски јазик, софтверот кој што го користи овој лаптоп, a последната официјална верзија го вклучува и македонскиот превод.