You are here

Конференција за печат по повод денот на слободен софтвер 2007

Слободен софтвер Македонија ќе одржи конференција за печат на 13 септември 2007 година во 12 часот во просториите на НВО Инфо центарот.

Конференцијата за печат ќе биде најава за активностите за денот на слободен софтвер кој оваа година се одбележува на 15 септември.

На светската прослава оваа година од Македонија и се приклучуваат 3 града. Скопје и Прилеп ќе прославуваат на 15 септемви, а во Битола настанот ќе го има својот ден една недела подоцна.

Во Скопје локациите за настанот се културниот центар Точка и кафе книжарницата Магор од 11 до 18 часот и националната галерија Мала станица во 20 часот.

Во Прилеп просавата ќе започне на плоштадот Александрија и пред саат кулата, а потоа ќе продолжи со презентации и работилници во Фондацијата за информатичка технологија

Официјалната најава за случувањата се наоѓа на Сподели знаење: врска.