You are here

Учество на конференцијата Слобода и приватност на интернет во Скопје

Logo fpiИгор Стаматовски и Дамјан Георгиевски учествуваат на конференцијата за слобода и приватност на интернет организирана од Метаморфозис и Institut international des droits de l’homme et de la Paix (2IDHP).

Практични примери за енкрипција на податоци и користење софтвер за анонимно сурфање ќе споделуваат Александар Лазаров и Јованка Гулицоска.

Конференцијата се одржува на 21 и 22 мај, во Сити Хол во Скопје.

Темата презентирана во рамките на Сесија 1: Правна и институционална рамка на приватноста во ЕУ и во
Балканскиот регион, од страна на Игор Стаматовски беше Интернетот не заборава и беше фокусирана на предизвизите на членовите на заедниците на слободен софтвер за враќање на слободата на социјалните мрежи. Презентацијата се осврна на располагањето на корисниците на интернет со сопствените податоци и на кој начин социјалните мрежи им го оневозможуваат тоа. Како бизнис моделите на социјалната мрежа ги става луѓето во позиција на средства со кои социјалната мрежа располага, а вистинските корисници на социјалната мрежа се компаниите, владите итн. Беше презентирана и шанса како ние од кампот на слободниот софтвер гледаме на оваа ситуација и како да го решиме овој горлив проблем на 21 век со помош на иницијативата на проф. Ебен Моглен од Software Freedom Law центарот и фондацијата FreedomBox. Во спротивно предупреди Стаматовски, ни претстови нова лустрација која овојпат ќе се одвива за нашите животи кои сме ги објавиле, а социјалната мрежа макотрпно и систематски ги архивирала.

Дамјан Георгиевски го изложи своето видување на 22 мај на во рамките на Сесија 2: Државата и медиумите со презентација на тема Законот за авторско право и слободата на изразување. Тој се осврна на рестриктивноста на законот за авторски права, централизираноста на содржините и проблемот кој ваквиот рестриктивен закон го наметнува кога централниот авторитет ќе добие поплака од страна во врска со некоја содржина и нејзина недостапност. Ја објасни се потенката линија помеѓу задоволување на овој рестриктивен закон и се помалата слобода на говор која се постигнува со негов злоупотреба.

Фотографиите од настанот можете да ги погледнете подолу