You are here

Редовен термин за Слободен софтвер на Македонското радио

Во минатите емисии подготвени од „Слободен софтвер Македонија“ имавте прилика да слушате за слободниот софтвер, генерално, и посебно за оперативниот систем GNU/Linux како негов знаменосец.

Како потсетување емисијата редовно оди во петок (следната ќе биде на 23.05.2003) на фреквенцијата на Македонското радио во 10:30 исто како и претходните.

Овој пат ќе говори Данко Илиќ.

Продолжувајќи ја нашата намера да презентираме содржини од доменот на слободниот софтвер кои сметаме дека се важни – како за пошироката публика заинтересирана за компјутерската технологија денес, така и за компјутерските експерти меѓу нив – во оваа емисија би сакале да Ви го презентираме KDE – The K Desktop Environment – во превод – работната околина КА.