You are here

Билтен на Слободен софтвер Македонија април 2008

Добредојдовте во априлското издание на билтенот на Слободен софтвер Македонија.

Содржина:

  1. Пресконференција: „Кирилицата и слободниот софтвер“;
  2. Нов систем за пријавување на грешки во проектите за локализација;
  3. Pidgin, софтвер за инстант пораки целосно преведен на македонски;
  4. Ресурсен центар „Ubuntu за Македонија“.

Пресконференција: „Кирилицата и слободниот софтвер“

Слободен софтвер Македонија во просториите на НВО Инфоцентарот одржа кратка презентација за новинарите за кириличните можности на слободниот софтвер.
За презентацијата беше користена најновата верзија на GNU/Linux дистрибуцијата , која патем, е целосно локализирана на македонски јазик.

Презентацијата имаше за цел да ја запознае пошироката јавност со можностите на слободниот софтвер од ова поле. Поточно, дека овие букви се достапни во слободниот оперативен систем во повеќе програми и веќе можат да се користат.

http://slobodensoftver.org.mk/vesti/slobodniot_softver_pisuva_pravilna_k...

Нов систем за пријавување на грешки во проектите за локализација

Изминатиов месец беше подновен системот за пријавување на грешките во проектите за локализација на софтвер на македонски јазик. Сите заинтересирани можат да пријавуваат грешки за GNOME, KDE, Ubuntu, Fedora, Pidgin, Firefox, Thunderbird, XFce, OpenOffice.org итн на http://bugs.softver.org.mk. Ветуваме дека ова нема да одземе повеќе од 2 минути од вашето време, а со пријавување на грешка во македонскиот превод на било кој слободен софтвер ќе придонесете за подобро искуство при употреба за сите што го користат софтверот на македонски јазик.

Pidgin, софтвер за инстант пораки целосно преведен на македонски

Мулти-платформскиот и мулти-протоколски клиент за инстант пораки Pidgin е повторно целосно преведен на македонски јазик од страна на тимот за локализација на софтвер во Слободен софтвер Македонија (овој пат со помош и од членови на заедницата). Pidgin може да се користи за поврзување на сите популарни протоколи како што се Jabber, ICQ, MSN, Yahoo, AIM и сл.
Најновата верзија на Pidgin можете да ја преземете од: http://www.pidgin.im

Ресурсен центар „Ubuntu за Македонија“

Паралелно со објавувањето на една од најпопуларните дистрибуции на GNU/Linux - Ubuntu Linux 8.04 беше отворен и ресурсниот центар за Ubuntu на македонски јазик. Проектот „Ubuntu за Македонија“ е целосно поддржан од страна на Слободен софтвер Македонија. Овој ресурсен центар треба да претставува место каде што сите корисници на Ubuntu Linux би можеле да побараат бесплатен совет за било што поврзано со овој оперативен систем.

http://ubuntu.linux.net.mk
http://www.ubuntu.com


Содржината на оваа порака пред сѐ е наменета за новинари и организации со кои соработува Слободен софтвер Македонија, но истата се испраќа до сите оние кои се пријавиле за тоа.

Доколку и вие сакате да ја добивате оваа порака, пишете ни на <info Е-пошта slobodensoftver.org.mk>.