You are here

Билтен на Слободен софтвер Македонија за март 2010

Добредојдовте во мартовското издание од 2010 на билтенот на Слободен софтвер Македонија.

Содржина:

  1. НСНД Штип;
  2. Python вечери @ КИКА;
  3. Mozilla Балкан 2010.

НСНД Штип

На 20 и 21 март 2010 г. во Штип за прв пат надвор од главниот град Скопје, се одржа неформален собир во стилот на СподелиЗнаење и НСНД. Настанот се одржа во средното училиште „Коле Нехтенин“ каде што заедницата на корисници на слободен софтвер реализира повеќе работилници и предавање со различна тематика.

Програмата се состоеше од разни активности кои вклучуваа презентации за слободен софтвер, хаклабот, НСНД, Python, Ruby, GNU/Linux администрирање, Arduino, OTR и други, кои што во најголем дел беа реализирани.

Вториот ден беше организиран мини инстал-фест кој одеше паралелно со „Убунту прва помош“ каде што беа инсталирани неколку лап-топ компјутери и решени неколку проблеми на истите. Останатиот дел од денот беше искористен за хакирање на Arduino.

Python вечери @ КИКА

Почнувајќи од 11 март 2010 во КИКА почнуваат да се одржуваат „Python вечери @ КИКА“. Настанот е закажан за секој втор четврток од 19 до 21 часот, бидејќи секој друг четврток е резервиран за Ruby meetups.

Целна група за првиот дел од „Python вечерите“ се луѓе кои знаат основи на програмирање, како што се принципи на циклуси, услови, основните дата типови и слично.

Покрај учењето на Python целта е да се формира и група на корисници на Python. Конкурсот за името на групата е отворен.

Mozilla Балкан 2010

Докажуваме дека важи изреката „Заедно сме посилни!“. Македонската Mozilla заедница заедно со Mozilla заедниците низ целиот балкан ќе започнат со организирање на конфиеренции низ Балканот, со цел да ја запознаат локалната публика со Mozilla, нашата активност и значењето на слободниот софтвер.

Првата средба ќе се оддржи токму во Македонија, и тоа на 22 Мај 2010 (Сабота). Сеуште немаме дефинирано локација, но голема веројатност е да се оддржува во амфитеатарот или некоја од бараките на ФЕИТ.

На самиот настан ќе се држат предавања од водичите на локалните Mozilla заедници од Балканот и ќе се водат разни дискусии. Понатаму секако ќе следуваат повеќе информации околу оваа средба, како што ќе ги подготвуваме идеите.

Доколку сакате да бидете подетално и побрзо информирани околу настаните поврзани со Mozilla Балкан:2010 ивентот, проследете го договарањето директно на wiki-то на Mozilla: https://wiki.mozilla.org/Balkans:2010


Содржината на оваа порака пред сѐ е наменета за новинари и организации со кои соработува Слободен софтвер Македонија, но истата се испраќа до сите оние кои се пријавиле за тоа.

Доколку и вие сакате да ја добивате оваа порака, пишете ни на <info Е-пошта slobodensoftver.org.mk>.