Вести

Повик за заштита на приватноста на граѓаните во Република Македонија

Слободен софтвер Македонија безрезервно го поддржува повикот за заштита на приватноста на граѓаните во Република Македонија инициран од група невладини организации и фондации. Сметаме дека предложените измени на законот за електронски комуникации се целосно неприфатиливи како и дека ги нарушуваат основните човекови права и се спротивни на Уставот на Република Македонија.

Во продолжение можете да ги прочитате деталите објавени на веб сајтот на фондацијата Метаморфозис:

Почитувани,

Врз основа на експертската анализа на Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за електронски комуникации, мислењата на релевантните заинтересирани страни, особено невладините организации кои се занимаваат со заштита на човековите права, искажани во јавноста, како и на тркалезната маса „Приватноста во Македонија“ која се одржа на 4 јуни 2010 година во Скопје бараме ваквиот предлог на закон да се повлече од собраниска процедура.

Повлекувањето на ваквиот Предлог-закон е неопходно за да се спречи инвазија врз приватноста на граѓаните во Република Македонија. Во продолжение се наведени дел од причините за тоа:

Со ваквиот Предлог-закон се нарушуваат основните постулати на Уставот на РМ, пред сè член 17, кој ја гарантира неповредливоста на слободата и тајноста на писмата и сите други облици на општење, оти се овозможува отстапување од ова начело без судска одлука, како и член 25 кој гарантира почитување и заштита на приватноста на личниот и семеен живот, на достоинството и угледот.

Со предлог-законот се прекршува Европската конвенција за човекови права и други меѓународни договори ратификувани од Собранието на РМ.

Предлог-законот не е усогласен со одредбите од Директивата 2009/136/ЕК на Европскиот парламент и Советот на ЕУ.

Со предлог-законот неоправдано се проширува основата за следење на комуникациите на граѓаните, наспроти нормите воспоставени со Законот за заштита на лични податоци, Законот за следење на комуникациите и Законот за кривична постапка.

Со предложените измени се воведуваат низа непрецизни формулации со кои се создаваат законски можности за арбитрарна и неограничена примена на прислушкување и други облици на следење на електронските комуникации, без можност за контрола според принципите на транспарентност и отчетност.
Со предлог-законот се овозможува МВР да има „постојан и директен пристап“ до електронските комуникациски мрежи и објектите на операторите на јавни комуникациски мрежи и давателите на јавни комуникациски услуги, како и „услови за самостојно преземање на податоците за сообраќај“, што ќе ја направи Република Македонија една од ретките, а веројатно и единствената земја во светот во која државен орган има такви овластувања, без можности за надворешна контрола.

Задолжувањето на операторите „на свој трошок да обезбедат соодветна опрема и интерфејс“ за следење и чување на комуникациите ќе предизвика значителен финансиски трошок врз нивната работа што од една страна може да доведе до зголемување на цената на чинење на нивните комуникациски услуги за корисниците, а од друга страна можност за зголемување на доминантната положба на пазарот на операторите кои имаат значителна пазарна моќ.

Процесот на изготвување на предлог-измените е спроведен на нетранспарентен и неинклузивен начин, без овозможување на учество на релевантните институции (Делегација на Европска Унија во РМ, Дирекцијата за заштита на личните податоци), како и стручната јавност, приватниот и граѓанскиот сектор.

За повеќе информации посетете го веб сајтот на фондацијата Метаморфозис.

Билтен на Слободен софтвер Македонија за јуни 2010

Добредојдовте во јунското издание од 2010 на билтенот на Слободен софтвер Македонија.

Содржина:

  1. Прирачник за пристапни опции во Edubuntu;
  2. Нови книги во библиотеката на хаклабот КИКА;
  3. Ден на интелектуална сопственост;
  4. Убунту 10.04;
  5. Емануел Голдсин во Скопје;
  6. Мозила Балкан 2010;
  7. НСНД Белград 2010;
  8. Национална политика за слободен софтвер;
  9. Ричард Сталман во Скопје.

Прирачник за пристапни опции во Edubuntu

Слободен софтвер Македонија во соработка со фондацијата Метаморфозис и организациајта „Отворете ги прозорците“ го објави прирачникот за пристапни опции во Edubuntu и GNOME. Благодарение на посебните алатки достапни во оваа работна околина, на лицата со хендикеп (на пр. со оштетувања на видот, моторни нарушувања, интелектуална попреченост) им се овозможува да го користат овој оперативен систем без поголеми потешкотии.

Прирачникот е објавен под лиценцата Creative Commons 2.5 и е достапен за преземање од страницата на Метаморфозис. http://www.metamorphosis.mk/izdanija/informatichko-opshtestvo/prirachnik...

Нови книги во библиотеката на хаклабот КИКА

Библиотеката во хаклабот КИКА во изминатиов период беше збогатена со 20 нови книги од областа на ИКТ: програмирање, мрежи, оперативни системи и слично. Книгите се донација од Библиотеката на Македонската академија на науките и уметностите. Повеќе информации: http://slobodensoftver.org.mk/vesti/16-novi-knigi-vo-bibliotekata

Ден на интелектуална сопственост

Под слоганот „Другата страна на интелектуална сопственост“, светскиот ден на интелектуалнат сопственост на 26-ти април беше одбележан и во Скопје. Во хаклабот КИКА се одржа дебата и проекции на документарни филмови, скопското радио Канал 103 ја посвети својата дневна програма на музика издадена под CreativeCommons лиценци. Настанот беше дополнет со текст објавен на повеќе страници: http://spodeliznaenje.blogspot.com/2010/04/blog-post_26.html

Ubuntu 10.04

Веќе некако традиционално во КИКА беше посветена едне вечер на новата верзија на GNU/Linux дистрибуцијата Ubuntu. http://spodeliznaenje.blogspot.com/2010/05/ubuntu-1004.html

Емануел Голдстин во Скопје

Во целосно неформална посета во КИКА поминавме вечер со Емануел Голдстин уредникот на едно од најважните хакерски списанија 2600 (http://www.2600.com/). Голдстин туристички ги шеташе земјите од поранешна Југославија и Албанија. При посетата на КИКА тој сними интервју со локалните хакери за неговата радио емисија во Њу Јорк.

Mozilla Балкан 2010

Првиот интер-балкански собир на Мозила заедниците помина во одлична атмосфера и со многу интересни теми. Локалната заедница се покажа како добар домаќин и одличен организатор на настан кој го привлече вниманието на стотина корисници на производите на Мозила од Скопје и Македонија.

Сите реакции и коментари можете да ги погледате https://wiki.mozilla.org/Balkans:2010/Aftermath

НСНД Белград 2010

По вообичаена шема се одржа уште едно ништо нема да се случи овој пат во Белград. Настанот се одржа во галеријата Озон на 29 и 30 мај. Покрај вообичаените хакерски теми, вистински настан на НСНД беше присуството на Воја Антониќ еден од најстарите Југословенски хакери и човекот зад компјутерот Галаксија http://en.wikipedia.org/wiki/Galaksija

Национална политика за слободен софтвер

Во позадидна на сите хакерски настани започна имлементацијата на проектот за Национална политика за слободен софтвер. Овој документ треба да го дополни постоечкиот сплет на документи во врска со ИКТ во Македонија и да го подобри функционирањето на државната управа.

Активностите околу проектот се објавуаат на http://npss.slobodensoftver.org.mk/

Јавноста е поканета да се приклучи.

Ричард Сталман во Скопје

Како вистинско финале на овие 2-3 месеци исполенети со многу активности на 3 јуни таткото на слободниот софтвер Ричард Сталман одржа предавање на тема „Авторските права против општеството“. Предавањето се случи пред многубројна публика во преполнетата сала во Холидеј-ин. Бројноста на посетителите комплетно нѐ изненади.

Информации за предавањето и видео од него има на: http://slobodensoftver.org.mk/rms/
Јавна благодарност од Слободен софтвер Македонија:
http://slobodensoftver.org.mk/vesti/richard_stallman_vo_skopje2
Реакции по предавањето:
http://npss.slobodensoftver.org.mk/2010/06/blog-post_07.html

По сето ова одиме на заслужен летен одмор.

Happy hacking!


Содржината на оваа порака пред сѐ е наменета за новинари и организации со кои соработува Слободен софтвер Македонија, но истата се испраќа до сите оние кои се пријавиле за тоа.

Доколку и вие сакате да ја добивате оваа порака, пишете ни на <info Е-пошта slobodensoftver.org.mk>.

Ричард Сталман во Скопје, по предавањето

Предавањето на Ричард Сталман помина над нашите очекувања. Во преполната сала во Холидеј-ин Сталман зборуваше час и половина и одговараше на прашања на публиката речиси цел час.

Се надеваме дека на сите други 250 луѓе им беше подеднакво интересно колку на неколкуте членови на Слободен софтвер Македонија.

RMS во Скопје
Фото: Гоце Митевски

Тука сакаме да им се заблагодариме на сите кои несебично помагаа (направија постери, плакати, стримаа видео во живо, го снимаа видеото, фотографираа...)

Happy Hacking.

Richard Stallman на 3 јуни во Скопје

Слободен софтвер Македонија ве поканува на предавањето на Ричард Сталман на темата „Copyright vs Community in the age of computer networks“. Предавањето ќе се одржи на 3 јуни (четврток), во 18:00 часот, во салата „Милениум 2“ на Holiday Inn Скопје. Влезот е слободен.

Повеќе информации за темата и настанот ќе најдете на страната http://slobodensoftver.org.mk/rms/

Библиотеката збогатена со 16 нови наслови

Страницата за библиотеката на Слободен софтвер Македонија, како и библиотеката во хаклабот КИКА со шестнаесет нови книги донација од Библиотеката на Македонската академија на науките и уметностите.

Голема благодарност до Љубомир Ѓоревски.

Прирачник за пристапни опции во Edubuntu

Слободен софтвер Македонија во соработка со фондацијата Метаморфозис и организациајта „Отворете ги прозорците“ го објави прирачникот за пристапни опции во Edubuntu и GNOME. Благодарение на посебните алатки достапни во оваа работна околина, на лицата со хендикеп (на пр. со оштетувања на видот, моторни нарушувања, интелектуална попреченост) им се овозможува да го користат овој оперативен систем без поголеми потешкотии.

Прирачникот е објавен под лиценцата Creative Commons 2.5 и е достапен за преземање од сајтот на Метаморфозис.

Билтен на Слободен софтвер Македонија за март 2010

Добредојдовте во мартовското издание од 2010 на билтенот на Слободен софтвер Македонија.

Содржина:

  1. НСНД Штип;
  2. Python вечери @ КИКА;
  3. Mozilla Балкан 2010.

НСНД Штип

На 20 и 21 март 2010 г. во Штип за прв пат надвор од главниот град Скопје, се одржа неформален собир во стилот на СподелиЗнаење и НСНД. Настанот се одржа во средното училиште „Коле Нехтенин“ каде што заедницата на корисници на слободен софтвер реализира повеќе работилници и предавање со различна тематика.

Програмата се состоеше од разни активности кои вклучуваа презентации за слободен софтвер, хаклабот, НСНД, Python, Ruby, GNU/Linux администрирање, Arduino, OTR и други, кои што во најголем дел беа реализирани.

Вториот ден беше организиран мини инстал-фест кој одеше паралелно со „Убунту прва помош“ каде што беа инсталирани неколку лап-топ компјутери и решени неколку проблеми на истите. Останатиот дел од денот беше искористен за хакирање на Arduino.

Python вечери @ КИКА

Почнувајќи од 11 март 2010 во КИКА почнуваат да се одржуваат „Python вечери @ КИКА“. Настанот е закажан за секој втор четврток од 19 до 21 часот, бидејќи секој друг четврток е резервиран за Ruby meetups.

Целна група за првиот дел од „Python вечерите“ се луѓе кои знаат основи на програмирање, како што се принципи на циклуси, услови, основните дата типови и слично.

Покрај учењето на Python целта е да се формира и група на корисници на Python. Конкурсот за името на групата е отворен.

Mozilla Балкан 2010

Докажуваме дека важи изреката „Заедно сме посилни!“. Македонската Mozilla заедница заедно со Mozilla заедниците низ целиот балкан ќе започнат со организирање на конфиеренции низ Балканот, со цел да ја запознаат локалната публика со Mozilla, нашата активност и значењето на слободниот софтвер.

Првата средба ќе се оддржи токму во Македонија, и тоа на 22 Мај 2010 (Сабота). Сеуште немаме дефинирано локација, но голема веројатност е да се оддржува во амфитеатарот или некоја од бараките на ФЕИТ.

На самиот настан ќе се држат предавања од водичите на локалните Mozilla заедници од Балканот и ќе се водат разни дискусии. Понатаму секако ќе следуваат повеќе информации околу оваа средба, како што ќе ги подготвуваме идеите.

Доколку сакате да бидете подетално и побрзо информирани околу настаните поврзани со Mozilla Балкан:2010 ивентот, проследете го договарањето директно на wiki-то на Mozilla: https://wiki.mozilla.org/Balkans:2010


Содржината на оваа порака пред сѐ е наменета за новинари и организации со кои соработува Слободен софтвер Македонија, но истата се испраќа до сите оние кои се пријавиле за тоа.

Доколку и вие сакате да ја добивате оваа порака, пишете ни на <info Е-пошта slobodensoftver.org.mk>.

Програма за работа на Слободен софтвер Македонија за 2010 година

На собранието на Слободен софтвер Македонија оддржано на 31 Јануари 2010 година, беше донесена следнава програма за работа на организацијата за 2010 година.

ПрилогГолемина
programa-za-rabota-2s.mk-2010.pdf124.8 KB

Оддржано годишното собрание на Слободен софтвер Македонија за 2009 година

Годишното собрание на Слободен софтвер Македонија се оддржа на 31 Јануари 2010 година. На него беше усвоен извештајот за работа на организацијата за 2009 година како и програмата за работа за 2010 година, која наскоро ќе биде објавена на нашата страница. Воедно организацијата му го честита изборот за член на Слободен софтвер Македонија на г-динот Виктор Стојановски и му посакува успешна работа. Во прилог можете да го преземете записникот од собранието.

ПрилогГолемина
zapisnik-sobranie-31.01.2010.pdf110.01 KB
izvestaj2009.pdf41.25 KB

Билтен на Слободен софтвер Македонија за декември 2009

Добредојдовте во декемвриското издание од 2009 на билтенот на Слободен софтвер Македонија.

Содржина:

  1. Роденден на Firefox;
  2. НСНД Загреб;
  3. Конференција Е-општество.мк 2009;
  4. Три месеци хаклаб КИКА.

Роденден на Firefox

На 9-ти ноември 2009 Firefox го славеше својот 5-ти роденден. По тој повод во просториите на Факултетот за електротехника и инфоматички технологии, гупата Mozilla Македонија организираше прослава. Повеќе за настанот (и слики од тортата) има на форумот на IT.com.mk.

НСНД Загреб

Вонредниот „Ништо нема да се случи“ (Ništa se neće dogoditi) се случи во Загреб, Хрватска од 27 до 29.11.2009 година во хаклабот МАМА во Загреб.

Непосредна причина за овој НСНД беше токму отварањето на овој хаклаб. Програмата на настанот беше исполнета со различни теми, a своја шанса за настап доби и Дамјан кој го презентираше неговиот irc bot напишан во erlang.

Конференција Е-општество.мк 2009

На 2 и 3 декември 2009 во Скопје се одржа петата по ред конференција Е-општество, овој пат со наслов „Јас, медиум“. Како и до сега, Слободен софтвер Македонија учествуваше со презентација и дискусија на округлата маса.

Повеќе на веста презентација на Е-општество.мк 2009.

Три месеци хаклаб КИКА

До нова година нашио хаклаб КИКА ќе прослави 3 месеци работа и хакирање. Во изминатиот период во КИКА речиси без престан се одржуваа настаните „Сподели знаење“ - секоја сабота, „Убунту прва помош“ - секој понеделник и RubyMK собирите - секој четврток.

Хаклабот, покрај со ентузијазам, во овој период беше дополнет и со поголема збирка книги донација од Илин Петковски, како и хардвер донација од Арангел Ангов, Илин Петковски и Метаморфозис.


Содржината на оваа порака пред сѐ е наменета за новинари и организации со кои соработува Слободен софтвер Македонија, но истата се испраќа до сите оние кои се пријавиле за тоа.

Доколку и вие сакате да ја добивате оваа порака, пишете ни на <info Е-пошта slobodensoftver.org.mk>.

Агрегирање содржина