За потребите не UNDP проектот за слободен софтвер во локалната самоуправа ќе треба да се развиваат апликации наведени во UNDP-TOR-2006.zip.
Слободен софтвер Македонија ќе треба да достави понуда со тоа што ќе настапи организацијата, а апликациите ќе ги развива тим на програмери кои имаат, желба, слободно време и знаење.
Дискусијата се разбира е на [ossm-members].
На 25 и 26 октомври, во Скопје, ќе се одржи меѓународна работилница на тема употреба на слободен софтвер во образованието и владата во Република Македонија. Работилницата е наменета за претставници на владините и образовните институции на соседна Република Албанија.
Настанот ќе биде можност гостите од Албанија да споделат искуства со нивните колеги од Македонија, кои во македонските институции промовирале добро владеење преку употреба на слободен софтвер.
Повеќе информации за работилниците и учесниците на страницата посветена на настанот.
Слободен софтвер Македонија во рамките на UNDP проектот Support to e-Governance initiatives based on Free/Open Source Software at the local level in FYR Macedonia доби барање за понуда за одржување на тренинг на тренери.
Затоа, ги повикуваме сите членови на заедницата кои имаат искуство со работа со слободен софтвер и кои досега се афирмирале како активни учесници во проектите кои биле спроведувани од страна на Слободен софтвер Македонија, да подготват понуда доколку се заинтересирани.
Потребен документ за изготвување на понудата е официјалниот Terms of Reference (TOR-Training-FOSSv2.2.pdf). Рокот за доставување во UNDP 28.09.2006 год.
Предлог понудите да се испратат до info-AT-slobodensoftver.org.mk најдоцна до 27.9.2006 год. Надлежниот орган на Слободен софтвер Македонија потоа ќе ја избере најдобрата понуда, ќе ја верификува со печат и ќе ја предаде во UNDP Македонија.
Што треба да знаете доколку се одлучите да пишувате понуда:
Со среќа!