На 08-мај (четврток) oваа година во 15:30 часот во Хуманитарниот Дом „Даре Џамбаз“ (спроти Кјуби, поранешно ЗОИЛ) ќе се одржи промоцијата на хрватскиот Говорен Linux за слепи (ГЛС).
Презентер ќе биде Данко Ботурац, а за слободниот софтвер ќе говори Ристе Пејов од Слободен софтвер Македонија.
Се работи за проект за развој на Говорна Linux дистрибуција за слепи лица која под водство на Хрватскиот сојуз за слепи се развива последните две години.
ГЛС проектот е во голем дел финансиран од страна на Институтот отворено општество (OSI), а поединости за проектот може се најдат на: http://www.ipsis.hr/static/, а новости на http://www.ipsis.hr/gls/.
Деновиве добиваме многу нарачки на дискови со OpenOffice.org на македонски, но за жал сите 500 бесплатни примероци ги поделивме на годинешниот Инфоком.
Сега за сега, доколку сакате да нарачете CD ве молиме да контактирате со нас на следниве адреси:
Цената на дисковите е 70 денари или два празни диска за еден полн диск со OpenOffice.org на македонски. Доколку сакате да бидете вклучени на листава особено ако не сте од Скопје ве молиме напишете порака до info_НА_slobodensoftver.org.mk
Да ја искористиме приликава да ги повикаме сите заинтересирани фирми и поединци кои сакаат да донираат празни дискови кои повторно би ги делеле бесплатно со OpenOffice.org на македонски да контактираат со нас на info_НА_slobodensoftver.org.mk.