You are here

Насоки за редовни состаноци на Слободен софтвер Македонија

Насоки за редовни состаноци на Слободен софтвер Македонија

Овој документ ги дефинира правилата според кои здружението ќе одржува редовни состаноци во текот на годината:
1. Редовните состаноци на здружението се одржуваат секоја прва недела во месецот, или првиот следен ден доколку неделата е празник, во Хаклабот КИКА со почеток во 19:00 часот и траат 90 минути.
2. Се одржуваат 11 редовни состаноци, секој месец освен август.
3. Состаноците се отворени и секое заинтересирано лице може да присуствува.
4. Присуството за членовите е задолжително. Доколку некој член отсуствува два пати по ред или вкупно три пати во текот на годината собранието ќе му одреди статус на почесен член.
5. Состаноците може да имаат својство на собрание по барање на било кој член и кога претседателот тоа го најави согласно одредбите од Статутот.
6. Секретарот на здружението ги известува членовите за агендата на секој состанок најдоцна пет дена пред состанокот.
7. Агендата за состанокот секој месец ја изготвува различен член. Распоредот за ова ќе се состави на првиот состанок во 2011 година.
8. Агендата за првиот состанокот ќе ја состави секретарот на организацијата.

13.02.2011
Скопје

Претседавач на собранието
Миша Поповиќ

ПрилогГолемина
PDF icon 2c.mk-nasoki-za-redovni-sostanoci-13.02.pdf26.43 KB