You are here

2с.мк и JUGMK Ви го претставуваат: Едно лето

Во соработка со JUGMK, Ruby.mk и Python user group Macedonia, Слободен софтвер Македонија го започна проектот „Едно лето“. Идејата е да се реализира проект кој што ќе им овозможи на македонските студенти со помош на поискусни програмери, да научат повеќе за програмските јазици и програмирањето преку нивно практично вклучување во веќе постоечки софтверски проекти. Исто така студентите ќе можат да се запознаат со добрите програмерски практики, работа со versioning системи и системи за пријавување и пратење на грешки.

Зошто би учествувале во „Едно лето“?
- Уникатна можност да се вклучите во заедницата на слободен софтвер.
- Можност да добиете практично искуство кое би користело во вашата понатамошна кариера.
- Можност да работите со некои од најдобрите програмери во Македонија.
- Можност да користите најнови тенологии.
- Уверение за пракса доколку сте студент.
- Не мора да сте во Скопје за да работите.
- Забавно е.

Проектите се достапни на http://wiki.spodeli.org/Едно_лето.

Повеќе информации за проектот можете да најдете на веб сајтот http://ednoleto.mk.