Пријавете се

Маратонот за локализација се базира на доброволно учество на ентузијасти кои сакаат да го видат овој супериорен слободен софтверски пакет на нашиот мајчин јазик. Единствен услов за учество е познавањето на англискиот и македонскиот јазик.

За да бидеме во можност да обезбедиме компјутер за секој преведувач и работата да тече нон-стоп, маратонот ќе се изведува во три седум часовни смени секој ден.

Ќе започнеме во петок, попладне, од 18 часот. Таа смена ќе биде до 24 часот. Следната смена ќе започне во 24 часот па се додека маратонците не заспијат, а бидејќи е маратон ќе мора да издржат до следното утро. :-)

Потоа во сабота и недела смените ќе бидат од 9 часот, следната смена ќе биде од 16 часот и последната ноќна смена од 23 часот па повторно сè додека маратонците не заспијат.

Најубаво е секој да помине по една смена и сабота и недела.

Иако не задолжително, пожелно е заинтересираните да го пријават своето учество, за да може да се распоредиме по смени и да не се чека за слободен компјутер. Пријавувањето е доброволно и бесплатно.

Упатство за пополнување.
  1. Го внесувате Вашето име и презиме, пожелно е да внесувате на кирилица;
  2. Внесувате начин на кој ќе може да ве контактираме. е-пошта или телефон;
  3. Одбирате смена во која ќе можете да присутвувате;
  4. Во забелешка може да оставите дополнителни податоци околу периодот на Вашето учество, ако сте во можност да останете повеќе смени, забележетe го тоа;
  5. Притиснете Пријави. :-)