You are here

Конкурси

Оглас за подготовка на понуда за тренинг на тренери

Слободен софтвер Македонија во рамките на UNDP проектот Support to e-Governance initiatives based on Free/Open Source Software at the local level in FYR Macedonia доби барање за понуда за одржување на тренинг на тренери.

Затоа, ги повикуваме сите членови на заедницата кои имаат искуство со работа со слободен софтвер и кои досега се афирмирале како активни учесници во проектите кои биле спроведувани од страна на Слободен софтвер Македонија, да подготват понуда доколку се заинтересирани.

Потребен документ за изготвување на понудата е официјалниот Terms of Reference (TOR-Training-FOSSv2.2.pdf). Рокот за доставување во UNDP 28.09.2006 год.

Предлог понудите да се испратат до info-AT-slobodensoftver.org.mk најдоцна до 27.9.2006 год. Надлежниот орган на Слободен софтвер Македонија потоа ќе ја избере најдобрата понуда, ќе ја верификува со печат и ќе ја предаде во UNDP Македонија.

Што треба да знаете доколку се одлучите да пишувате понуда:

  • Предност во оценувањето на понудите ќе имаат оние кои ќе бидат доставени од лица со препознатлив придонес во работата со слободен софтвер/софтвер со отворен код во Р. Македонија (или во светот);
  • Како референца за изготвување на предавањата треба да се користи документот Free Software Macedonia: UNDP Curriculum for Training of Trainers (Undp-curiculum-ver-0.3.odt);
  • Доколку UNDP ја избере понудата доставена од Слободен софтвер Македонија, деталите околу финансиите ќе се спроведуваат според новиот статут и придружните документи на организацијата;
  • За дополнителни дискусии и прашања, отворете нишка на [ossm-members].

Со среќа!

Страници

Subscribe to RSS - Конкурси