You are here

Белешки од IRC состанок одржан на 29.07.2007 г.

  1. www.slobodensoftver.org.mk
  • Се сложивме дека предолго време чекаме дизајнерот Бојан за дизајн во html/css;
  • Стојмир се пријави да ја среди предната страна до крајот на идната недела (сите се сложија Стојмир да го направи сајтот како што мисли дека треба);
  • l10n.slobodensoftver.org.mk: Јован се нафати да започне да го средува овој оддел од сајтот (Јован те молам прати рок до кога мислиш дека ќе биде готово ова). Стама се пријави да помогне при собирање на информации
    за страницата преку започнување на нова нишка на ossm-members за консултации со заедницата односно преведувачите. Во страницата треба да се инкорпорираат: http://wiki.lugola.net/L10n_mk и http://wiki.lugola.net/Mk_l10n_Teams.
  • Јован исто така предложи додавање на веб алатки на оваа страница кои што би им биле од корист на преведувачите;
  • Јован да го контактира Арангел, Дамјан, Новица или Стама за да добие администраторски пристап до сајтот (ако веќе нема).
  • UNDP & OLPC
    • Александар извести дека текстот што сакаме да го испратиме до UNDP готов и дека е потребна помош околу проверка на англискиот превод. Некој ќе треба да ги додаде сите членови на листата како contributors на docs.google.com;
    • Александар даде предлог да се оформи тим на волонтери за работа на активности поврзани со OLPC (сега за сега се двајца: Александар и Арангел);
    • Александар се нафати да ги води сите активности поврзани со OLPC;
    • Новица предложи да се активираме преку студентите на ЕТФ за таа студентската иницијатива на OLPC;
    • Не беа поставени конкретни рокови за ништо под точка 2.
  • Разно
    • Работилница за медиуми: нема да оди никој.

    Бидејќи ни остана една важна точка од дневниот ред, наредниот состанок беше закажан за среда 1ви август во 19.00 (но не се одржа поради тоа што немаше кворум). Темата е конференцијата што сакаме да ја организираме на есен, точките што треба да се дискутираат се истите. Однапред треба да се пријави модератор за состаноков, ако не стандардно Новица ќе биде модератор.