You are here

Дамјан Георгиевски

Дамјан Георгиевски

Дамјан Георгиевски е еден од пионерите на македонската заедница на корисници на слободен софтвер. Тој е еден од основачите на Слободен софтвер Македонија. Од основањето до јануари 2009 година, тој беше потпретседател на организацијата.

Дамјан е долгогодишен GNU/Linux хакер и е заслужен за првите продори на овој оперативен систем во Р. Македонија. Автор е на основните параметри кои го дефинираат јазикот на корисникот на компјутерот, земјата и специјалните преференции кои корисникот на компјутерот сака да ги гледа во корисничкиот интерфејс: точниот формат на датумот и времето, валутата на државата и сл. Тој исто така активно придонесува во локализирањето на слободен софтвер на македонски јазик особено преку локализирањето на водечкиот прелистувач за Интернет Mozilla Firefox и клиентот за е-пошта Mozilla Thunderbird.

Дамјан често пишува за „пиратството“ и лиценците и одржува презентации и работилници за работа со GNU/Linux или технологии кои работат на него.

Со Дамјан можете да контактирате на е-пошта: <damjan Е-пошта slobodensoftver.org.mk>.