
Арангел Ангов е експерт за слободен софтвер и еден од основачите на Слободен софтвер Македонија. Работи волонтерски за заедницата за слободен софтвер уште од 1999 година. Моментално е секретар на организацијата.
Има завршено IT академија во Скопје и моментално работи како систем администратор во една од водечките светски компании за слободен софтвер, Red Hat, во Брно, Република Чешка. Тој е член на фондацијата GNOME и активен придонесувач во нејзините проекти. Еден од основачите и оддржувачите на првиот македонски веб сајт посветен на GNU/Linux - www.linux.net.mk.
Уште од раните почетоци на организацијата се ангажира на повеќе нивоа во разни активности меѓу кои и тригодишното координирање на проектот GNOMK, дел од проектот GTP на фондацијата GNOME, започнување на проектот за креирање на прва македонска GNU/Linux дистрибуција - МаЛинА, држење на предавања/презентации поврзани со слободниот софтвер (функционирањето на заедницата, проектот GNOME, слободен софтвер за почетници, итн), викито за слободен софтвер, локализацијата на Ubuntu и Fedora на македонски јазик, поставување на првата компјутерска лабороторија која што работи само на слободен софтвер во средното училиште во Крушево и слично.
Тој е автор на статијата за 5000 компјутери со GNU/Linux во Македонија, објавена во он-лајн списанието GNOME Journal, прирачникот за практичен вовед во слободен софтвер направен за UNDP Македонија, како и на блогот „Лаптоп за секое дете“.
Со Арангел можете да контактирате на е-пошта: <arangel
slobodensoftver.org.mk>.