Александар Балаловски е активист за слободен софтвер од Битола, член и тековен секретар на „Слободен софтвер Македонија“ како и член и основач на Групата на корисници на GNU/Linux од Битола - Лугола. Завршил факултет за применета информатика во Битола.
Во 2004г. ја формира Лугола, по претходните подготовки и заклучокот дека е потребно да се оформи тело кое ќе ги координира работите на делот на заедницата на слободен софтвер за реонот на југо-западна Македонија, со седиште во Битола. Лугола потоа преминува во група на републичко ниво и неговите обврски се зголемуваат, како и задволството на неговата работа. Покрај обврските со координирањето на Лугола, тој го координира и развојот на „Вики за слободен софтвер“ како еден од главните администратори.
Бил вклучен како програмер во неколку проекти од кои произлегол слободен софтвер за крајно-кориснички потреби.
Покрај обврските што ги има со Лугола и Слободен софтвер Македонија активен е и во полето на промоција на слободната култура, преку промоција на филозофиите што стојат зад Creative Commons и другите начини за добивање слободни креативни трудови.
Со Александар можете да контактирате на е-пошта: <gemidjy lugola.net> и <aleksandar slobodensoftver.org.mk>.